Тимот на Зонел Софтвер и во услови на криза посветено работи на развој на Helix како би ги следиле Вашите потреби и развојот на Вашиот бизнис. Нашата континуирана работа на развој е најголема потврда дека секогаш имате сигурен партнер кој е подготвен за сите предизвици кои ги носи бизнисот. Согласно Вашите барања во овој период, на 01.04.2020 објавуваме вонредна верзија на Helix – верзија 6.50. Во новата верзија се имплементирани многу новитети и подобрувања на Helix.
Меѓу другото Верзијата 6.50 ги содржи следниве новости:
- Можност за внес на нова дефинирана ставка Принуден одмор со соодветен чек бокс, со носење на вработени во МПИН со шифра 0045 во поле 3.17 за соодветните часови,
- Нова опција за креирање на корекција на МПИН, се носат вработените на кои е кликната корекција и се креира МПИН со вид на обврска 103,
- Автоматско книжење на плата по комитенти на аналитички конта,
- Нова опција за масовно доделување на бренд и добавувач за селектирани производи,
- Додадена е можност за забрана на вработен за проверка на прометот за другите вработени
- …..
За сите новитети и подобрувања можете повеќе да прочитате на следниот линк: Верзија 6.50