За да задржиме позитивен став во овие тешки времиња треба да почнеме да го бараме доброто и во  ваквите  лоши периоди како што се сега со моменталната ситуација во светот предизвикана од корона вирусот. 

Рамнотежа помеѓу работата и животот:

Тоа е една од работите за која што секогаш се жалиме? Една од главните причини што луѓето се откажуваат од и се префрлаат на други работни места? Тоа е познатиот предизвик за рамнотежа помеѓу работата и животот. Поминувате премногу време на работа, односите со вашето семејство се на удар. Поминувате премногу време со вашето семејство – работата трпи. Ние губиме еден тон време патувајќи до и назад од работа, летаме кон клиенти и присуствуваме на бескорисни состаноци. Но, сега сме принудени да работиме од дома. Поминуваме повеќе време дома со семејствата. Треба да бидеме проактивни за тоа како го планираме денот. Од помагање на нашите деца во нивното учење на далечина, до тоа на кои конференциски повици треба да присуствуваме. Корона вирусот е можност да се посветиме на контрола врз нашата рамнотежа помеѓу работата и животот, и да дефинираме нов начин на живот.

Намалување на трошоците за водење бизнис:

Реалноста на која сме навикнати е дека водењето бизнис значи да одите во канцеларија и на состаноци. Средбата лице в лице е најпосакуван начин за водење бизнис. Сега, како резултат на Корона вирусот, сите сме принудени да размислиме како да работиме од далечина. Да се работи од далечина е повеќе од комуникацијата помеѓу вашите вработени преку различните алатки за видео конференции. Станува збор за одржување, па дури и растење на вашата деловна активност додека работите од далечина. Тоа е голем предизвик, но, доколку се направи како што треба, ќе се дефинира нов и поекономичен начин за водење бизнис. Ако можеме да функционираме на овој начин, дали сè уште ни е потребен целиот тој фенси и скап деловен простор? Дали сите тие патувања се задолжителни? Дали треба секој да поминува два часа на ден патувајќи до и назад од работа? Дали мора да ставиме десет луѓе во иста просторија за да донесат одлука? Ова ни е можност да научиме дека постојат различни и поекономични начини за водење бизнис

корона

Деструкција и реконструкција:

Корона вирусот е големо нарушување во нашиот досегашен стил на живеење. Адаптирани сме на досегашните правила на живеење, работа, студирање, производство … сега сите правила не функционираат и се нарушени. Но, со значителното нарушување доаѓаат големи можности. Ова е нашата златна можност да се реконструира и редефинира начинот како работиме. Како учиме. Како нудиме услуги. Наместо да чекаме да исчезне Корона вирусот, треба да сфатиме дека се соочуваме со нова реалност и дека оваа реалност има во себе големи деловни можности. Потребата да се реконструира начинот како работиме е можност за создавање на нова деловна вредност и можност за нови правци на развој на нашиот бизнис.

Климатските промени како пример:

До неодамна, „Климата“ беше нашиот најголем предизвик. Експертите не научија дека причината поради која не можеме да го запреме нашите проблеми поврзани со климатските проблеми е тоа што тие бараат целосна промена во човековите однесувања. Луѓето ќе треба да престанат да користат толку многу производи, да престанат да користат возила толку интензивно, возејќи насекаде, да летаат до дестинации низ целиот свет, консумираат и фрлаат производи во масовно количини. Кој доброволно би се откажал од сите овие придобивки? Одеднаш, учиме дека постои алтернативен начин на живот. Ако треба да научиме една работа од оваа пандемија, тоа треба да биде сознанието дека постојат алтернативни начини да се живее поодговорно.

Заедништво:

Секој политичар од трет ранг ќе ви каже дека најдобриот начин за обединување е да пронајдете заеднички непријател. Па, сега имаме еден. Ако некогаш требаше да се потсетиме дека сите сме создадени еднакви, Корона вирусот е потсетник. Да се има заеднички непријател е можност бизнисите да се здружат и да соработуваат.. Тие што до вчера претставуваа закана, може да се претворат во сојузник и партнер?

Реалноста може да биде едноставна или тешка. Убавината на човечкиот ум е што можеме да одлучиме што да мислиме за неа. Можеме да избереме да мислиме дека е трагедија или комедија. Можеме да избереме да мислиме дека се руши небото или дека ова е можност да го редефинираме нашиот животен стил, начинот како го водиме нашиот бизнис, како работиме, какви производи, понуди или услуги испорачуваме на пазарот. Единствениот план за успех е да се прифатат овие промени и да се стават во функција на нашиот успех.