Почитувани,
Ве информираме дека од 08.04.2020 година ќе работиме од 08:00 до 15:00 часот, од понеделник до петок.
ЗОНЕЛ Софтвер изврши промена на работното време согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Доколку имате потреба од било каква корисничка поддршка Ви стоиме максимално на располагање по следниов приоритет:
- Главниот капацитет ќе биде насочен кон прием и одговор на Вашите барања на тикет системот. Во таа насока Ви препорачуваме максимално да го користите тикет системот како би добиле најбрз одговор.
- Исто така, достапни за одговори и поддршка сме и на мејлот komunikacija@zonel.com.mk, како втор приоритет.
- Телефонската поддршка на броевите 02/2401-204, 2401-205 и 2402-274 ќе биде со намален интензитет и ќе се користи само во итни случаеви.
Со цел чување на Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски, Ве повикуваме да се придржувате до мерките на надлежните институции.
Со почит,
Тимот на Зонел Софтвер