Кога би имале можност самите да го дизајнирате Вашиот софтвер, што би одбрале? Каков софтвер би креирале? Што е најдобро за Вашиот бизнис во моментов? Според истражувањата, алатките и методите со кои ги извршуваме секојдневните работни обврски, во голема мера влијаат во продуктивноста и целокупниот успех на вработените. Иако ова е многу значаен сегмент на кој треба да обрнете внимание при изборот на Вашиот нов софтвер, но сепак дали е најважен? Дали сте размислувале дека од Вашиот софтвер можете да добиете многу повеќе? Што мислите за софтвер кој ќе биде главен двигател на Вашиот бизнис? Немојте да гледате на софтверот само како на алатка која ќе замени дел од Вашите вработени и ќе го забрза работењето. Побарајте софтвер кој ќе Ве инспирира на позитивни промени. Размислете каков софтвер би избрале за Вашиот бизнис?
Започнете да ја создавате Вашата успешна приказна!
Одржувањето на стабилен и профитабилен бизнис не е воопшто лесна работа. Ова го знаат сите претприемачи кои било кога се обиделе да водат некаков бизнис. Многу претприемачи кои имале одлична идеја, визија и огромна желба, набрзо се соочиле со суровиот деловен живот и лошата економска состојба. Ова се клучните негативни фактори поради кои не успеваат многу бизниси:
- Лоша економска состојба
- Лоша наплата
- Проблеми со инспекции
- Немање искуство
- Не доволно едуциран и мотивиран персонал
- Лоша анализа на сопствениот бизнис
- Не познавање на сопствените клиенти
- Лоша анализа на пазарот
Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени. – Лав Толстој
Сите овие проблеми со кои се соочуваат македонските компании, ни беа главна водилка при креирањето на Helix. Одлучивме за прв пат на македонскиот пазар да создадеме решение инспирирано од најголемите маки со кои се соочуваат македонските бизниси. Дали успеавме? За ова ќе оставиме повеќе да говорат нашите клиенти. Она што во моментов би Ви препорачале е да побарате повеќе информации тука. Бидете отворени за промени. Тоа е единствен начин за надминување на препреките.
Пријател кој Ве разбира
Јазикот на пријателството не е составен од зборови, туку од разбирање. Секој нов човек кој ќе влезе во нашиот живот остава некаква трага. Вистинските пријатели се оние кои се тука кога и самите се имаме откажано од себе. Пријателството не обврзува на разбирање! Пријателството не обврзува на заеднички успех! Пријателството не обврзува на победнички одлуки! Благодарение на пријателството кое го градиме со Вас изминативе 28 години донесовме повеќе важни одлуки:
- Одлучивме никогаш повеќе еден сметководител да не мора да книжи рачно и да биде дактилограф наместо сметководител и креиравме автоматско книжење прилагодено на Вашата филозофија на работење!
- Одлучивме дека сметководителите треба да имаат мирен сон и во периодот од јануари до март и создадовме автоматизам со кој можете да изработите завршна пресметка за помалку од две минути!
- Одлучивме никогаш повеќе наплатата да не претставува најболниот проблем на една трговска компанија и создадовме модул за комерцијално работење кој ќе Ви помогне како да имате подобра наплата!
Helix го користиме од 2004 година. Претходно користевме програма во ДОС верзија кој беше многу мануелен и немаше никакви помошни опции кои би ја олесниле нашата професија. Но откога почнавме да го користиме Helix почувствуваме олеснување во нашите работни обврски и можност побрзо и поефикасно да ги извршуваме нашите задачи кон клиентите. – Фејкан Аконтинг
- Одлучивме никогаш повеќе да не се грижите дали инспекција ќе тропне на Вашата врата и создадовме прецизен софтвер кој ги сведува на минимум можностите за грешка на Вашите вработени!
- Одлучивме никогаш повеќе да не мора да распишувате меѓународна потерница по програмерот за да бидат имплементирани неопходните доработки или законски измени и создадовме корисничка поддршка која искрено се грижи за Вас!
- Одлучивме да креираме пријателства кои инспирираат заеднички успех!
Не секогаш можеме да влијаеме на сите работи кои ни се случуваат во животот, но за среќа пријателите ги бираме самите. Одберете искрено пријателство!
Закажете консултативен разговор!