Без разлика дали сте вработени, невработени, имате сопствен бизнис или сте трговец поединец, на секој од нас добро ќе ни дојде дополнителен месечен приход. Особено во овие турбулентни времиња. Дополнителен приход може да бидат токму оние средства кои ни недостасуваат секој месец за да имаме комотен живот. Почнете да заработувате екстра профит уште овој месец! Регистрирајте се како деловен партнер на Зонел Софтвер!
Препорака – најлесен начин на заработка!
Можеби сте зафатени. Имате работа преку глава. Можеби немате време за дополнителна работа. Тоа не е причина за да не заработувате. Што мислите за заработка за која практично и не Ви е потребно дополнителна работа? Сте заработиле некогаш од препорака? Сите ние препорачуваме. Некогаш препорачуваме книги, филмови, храна, ресторани… Препорачуваме работи за кои сме сигурни дека ќе бидат задоволни нашите пријатели. Препорачајте им на Вашите клиенти, пријатели или деловни познаници решение кое ќе значи вистинска инфузија за нивниот бизнис!
„Профитот е подобар отколку плата. Со плата можеш да заработуваш за да преживееш, со профит можеш да направиш богатство!“ – Џим Рон, бизнис филозоф
Помогнете им на Вашите клиенти и пријатели!
Зошто би го препорачале токму Helix на Вашите клиенти? Можеби имате клиенти или познаници од деловниот свет, кои се мачат со лоша наплата, намалена продажба, страв од инспекции, лоша комуникација со сметководството, споро работење… Можеби имате пријател сметководител кој не може да крена глава од работа? Препораката на Helix е најдоброто нешто кое може да им го подарите на пријателите. Препорачајте решение кое е одговор на сите проблеми со кои се мачат македонските компании низ годиниве. Профитот не е единственото нешто кое ќе го добиете со препорака на Helix! Нема поголема добивка од тоа Вашите клиенти да бидат задоволни и среќни.
Регистрирајте се како деловен партнер на Зонел Софтвер!
Кој може да биде партнер на Зонел Софтвер?
Партнер на Зонел Софтвер може да биде секој кој има искрена желба да им помогне на клиентите. Наш партнер може да биде секој кој сака повеќе во животот и бизнисот. Креиравме можност за повеќе компании или индивидуалци да ни се придружат во нашата мисија да создадеме решение кое го движи бизнисот. Ова се неколку предлог можности за соработка:
- ПРОМО ПАРТНЕР – Партнерство прилагодено за најразлични типови на компании и поединци кои сакаат да додадат нови производи во своето портфолио
- ИТ ПАРТНЕР – Партнерство прилагодено за компании и поединци кои се занимаваат со продажба на компјутерска опрема и софтвер
- ЕКСПЕРТ ПАРТНЕР – Партнерство соодветно за сметководствени бироа, консултантски куќи, ревизорски компании и поединци економски експерти.
- РАЗВОЕН ПАРТНЕР – Партнерство наменето за стопански комори, најразлични асоцијации, федерации и други типови на здружување во одредени сектори.
- ЕДУКАТИВЕН ПАРТНЕР – Партнерство наменето за универзитети, факултети, средни училишта, школи за сметководство и други образовни институции
Одберете какво партнерство најмногу Ви одговара. Направете ја Вашата регистрација тука!
Поврзете се со Вашите клиенти!
Одлична можност за сите сметководители! Поврзете се со сите Ваши клиенти! Сега! Со автоматското преземање на целокупното работење на Вашите клиенти можете да ги намалите вашите работни обврски и до 80 % ! Тоа значи повеќе време за вашето семејство и пријатели. Тоа значи фокус на развој на Вашата компанија. Тоа значи дека сте на вистинскиот пат! Одберете стабилна врска со Вашите клиенти!
Заедница фокусирана на успех!
Станете дел од заедница која е фокусирана на успех! Во животот, кога нешто даваме, добиваме повеќекратно! Помогнете им на Вашите клиенти да ги остварат своите цели. Бидете главна поддршка во сите нивни предизвици. Тоа е единствен сигурен пат до остварување и на Вашите цели!
Регистрирајте се како деловен партнер на Зонел Софтвер!