Неколку табели во excel, сложена програма, комплицирани формули, доцнење на платата за вработените, нова законска измена… и повторно хаос. Не постои сметководител на кого не му се познати овие предизвици при пресметката на плата. Статистички, во делот на пресметка на личен доход има најмногу законски измени секоја година. Поради ова, многу малку софтверски компании имаат капацитет, знаење и желба навремено да ги следат и систематски да реагираат на законските промени. Кога на сето ова ќе се додаде фактот дека во пресметката на плата за еден вработен треба да се земат во предвид податоци како редовни часови, прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, минат труд, додатоци на плата, боледување, годишен одмор, специјални услови … јасно ни е од каде потекнуваат главоболките на сметководителите. Јасно ни е бидејќи веќе 28 години сме заедно со Вас на терен. Јасно ни беше кога го создававме Helix. Јасно ни е денес кога имаме позади нас многу Ваши успешни приказни. Токму затоа инвестиравме во решение кое нуди систематски пристап на предизвиците. Решение кое не може да го изненади никаква промена, после која би си ја удирале главата во ѕид со недоумица како овој месец пресметката на плата да ја направите навреме и без главоболки. Постои елегантен начин како до брза и точна пресметка на плата. Закажете консултативен разговор!
„Иако не соработуваме долг временски период, верувам дека оваа соработка ќе продолжи уште многу долго. Уште од самиот почеток бевме многу импресионирани од методологијата на работење на софтверот, логиката што е адаптирана, како и прецизноста која ја нуди софтверот. Сето ова те носи до тој степен за да си многу посигурен во себе и да очекуваш позитивни резултати.“ – Тими Консалтинг
Нема веќе нервози!
Човек е несигурен кога нема контрола над ситуацијата. Особено за оние работи кои не се во негов домен. Особено за оние работи кои треба да ги завршат неговите партнери или пријатели. Несигурноста создава нервоза! Несигурноста создава страв! Ајде да замислиме дека за следната законска измена нема да има потреба од телефонски јавувања, нервоза, чекање, празни ветувања од програмерите, доцнење на платата, нервоза помеѓу Вашите вработени… Ајде да замислиме дека пресметката на платата за следниот месец може да ја направите со само неколку кликови. Комплетно, за сите вработени! Ајде да замислиме дека нема да Ви се крева косата ако за повеќе вработени треба да пресметувате дополнително прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, минат труд, додатоци на плата, боледување, годишен одмор, специјални услови… Да речеме дека со само еден клик може пресметката од Вашиот софтвер автоматски да ја поврзете со МПИН софтверот на УЈП. Да речеме дека комплетно автоматски можете да ја креирате и испечатите годишна даночна пријава за потребите на УЈП. Ајде да замислиме дека работните часови може автоматски да ги преземете од Вашиот систем за евиденција на работно време. Да замислиме дека нема да го губите цел ден во креирање на извештаи за Вашите вработени како список на казнети, нето и бруто примања, отсуства… Замислите го Вашиот бизнис во своето најдобро светло. Сега имате партнер кој е на иста линија со Вашата визија за успешен и просперитетен бизнис. Инвестирајте во систем на вредности кој ќе Ви овозможи повеќе слободно време за Вашето семејство, пријатели, хоби и сè останато што Ви е навистина важно во животот. Закажете консултативен разговор!