Успешна деловна соработка значи взаемно охрабрување. Токму ова е и најзначаен сегмент од нашата соработка со КБ Ирена Офис. Компанија која е составена од професионалци посветени на успехот на своите клиенти. Сметководствено работење значи многу повеќе од книжење, фактури, даноци, плата… Тоа значи дека сè се одвива во најдобар ред во Вашиот бизнис.
Пред нас е уште една одлична приказна за сметководствена компанија која бележи одлични деловни резултати. Одвојте неколку минути за сведоштво на компанија која воведува нови стандарди во сметководственото работење:
Коректно и одговорено сметководствено работење
Нашата мисија е коректно и одговорно водење на сметководствена евиденција и задоволување на потребите на клиентите. Точно и навремено извршување на обврските е нашиот рецепт за успех. Знаеме дека клиентите се секогаш во право, па затоа навременото известување е еден од нашите врвни приоритети.
Соработка која охрабрува
За Зонел Софтвер дознав на претходното работно место каде го користевме Helix, па поради ефикасноста и задоволувањето на потребите се одлучив да ја продолжам приказната со Helix. Секој почеток си има своја тежина, но секако вие – Зонел Софтвер бевте тука да нè охрабрите и да ни помогнете. Иако во секој програм има по некој пропуст, што е нормално и го сфаќаме, но со Helix ги решаваме навремено сите пропусти бидејќи секој наш предлог е прифатен од ваша страна, а тоа значи многу за клиентите.