Постојат неколку вообичаени грешки што ги прават малите бизниси при воведување на нов софтвер. Изворот на овие проблеми може да биде од неискуство, недоразбирање или општ недостаток на посветеност на процесот. Со разбирање на следниве вообичаени грешки, можете да заштедите време и пари и да обезбедите успешна транзиција во Вашето ново ERP решение.

1-Барате начини да го подобрите тековниот процес наместо да ги редизајнирате тековните процеси во согласност со новиот софтвер:

Најчестата грешка што ја прават луѓето е да се имплементира новото решение со размислување како да се модифицира новиот систем за да се адаптира на тековните процеси. Иако ова е најлесен основен пристап за да се направи затоа што бара малку размислување и за тоа што не мора да го разбирате начинот на работа на новиот систем, овој пристап е и најскап и исто така нема да резултира со искористување на можностите на новото софтверско решение.

Дозволете си да размислувате креативно и да барате начини на кои можете да ги намалите чекорите што ги имате сега, а кои се на сила само поради ограничување во Вашиот сегашен софтвер. Исто така, со одвојување време да ги разберете сите функционалности на новиот ERP софтвер и потенцијалната придобивка за Вашата организација, ја подобрувате вредноста што новото решение ќе ја има за Вашата организација, истовремено намалувајќи ги трошоците за негово имплементирање.

2-Недостаток на трпение:

Неизбежно е работите да бидат непријатни и потешки за време на раните фази на спроведувањето. На почетокот, бидејќи вработените треба да внесуваат податоци на поинаков начин од претходно, не можат уште веднаш да ја согледаат користа од новиот софтвер, па имаат чувство како непотребно да губат време. Сепак, за успешно спроведување е потребно време и упорност, затоа не дозволувајте да се откажувате во првите неколку месеци. Имајте трпение.

ERP

3-Се обидувате сè да направите сами без помош:

Соработувајте со Вашиот софтверски партнер, и дозволете им да ја користат својата експертиза за да Ви помогнат да го ставите новото решение во функција. Исто така, не ја потценувајте вредноста на квалитетната обука што треба да ја добиете од компанијата  што Ви го имплементира ERP софтверот. Побарајте документација за софтверот од продавачот а Видео обуките може да бидат од дополнително значење за Вас. Не обидувајте се да го имплементирате новото решение сами

4-Се обидувате сè да направите одеднаш:

Поделбата на имплементацијата во фази овозможува имплементацијата на секоја поединечна  фаза да биде поуспешна. Обидот да се постигнат сите ваши цели истовремено не е реално очекување и исто така ќе ги преоптовари вработените. Со поделба на целата имплементација во неколку фази, секој вработен може да ги совлада елементите за секоја фаза, а потоа да влезе во следната фаза со сигурност дека ќе може да ја совлада и нејзе. Паралелното работење со вашиот стар систем во текот на првите неколку фази исто така може да биде корисно ако ви обезбеди сигурност дека податоците се правилно внесени. Не обидувај се да ги спроведете сите фази одеднаш.

5-Ако оставите едно лошо јаболко ќе дозволите да се  расипе  целиот куп:

Природата на доброто ERP софтверско решение е дека го навалувате вкупниот обем на работа на организацијата дозволувајќи  да секој поединец  ги искористи информациите внесени од други лица, наместо секој вработен или оддел да работи во поединечни системи. Сепак, тоа значи дека неточен или неквалитетен  податок внесен од едно лице значи лоша информација со  која треба да работат сите други. Секој треба да ги разбере и почитува податоците и да биде свесен за импликациите што ги има врз другите оддели и корисници. Не дозволувајте едно лошо јаболко да го расипе целиот куп.