Се случува да секој услужен бизнис порано или подоцна се судри со оној незгоден момент кога треба да ги извести корисниците за зголемување на цените на услугите за да остане профитабилен.
Но, дали навистина ова мора да биде непријатно? Не, ако планирате однапред и добро комуницирате со Вашите корисници.
Постојат многу причини поради кои можеби ќе треба да ги зголемите цените: зголемувања на цените на добавувачите, инфлација, зголемување на побарувањата за услуги, и други фактори кои бараат прилагодување на трошоците за одржување или подобрување на нивото на услугата.
Ако не сте подготвени, објавувањето на тие зголемувања на цените на клиентите може да биде тешко или дури и да предизвика некои клиенти да ја прекинат соработката. Може да постигнете подобар исход (т.е. повеќе приходи и посреќни клиенти) доколку редовно комуницирате, ја докажете својата вредност и избегнувате да ги изненадувате со неочекувани зголемувања.
Како ќе се справите со комуникацијата за зголемување на цената, ќе зависи најпрво од тоа зошто зголемувањето се случува.
Комуницирајте навреме
Вашите добавувачи можат да ги зголемат своите цени. Известете ги клиентите штом знаете дека доаѓа пораст на цената на производот од добавувачот и кажете им дека ќе мора да го направите истото за да продолжите со обезбедување на тој производ или услуга за Вашите корисници.
Сепак, не можете само да ги покачувате цените секогаш кога тоа го прават вашите добавувачи. Клиентите нема да трпат чести зголемувања. Проценете ги потенцијалните зголемувања и проверете дали Вашите цени Ви обезбедуваат услови за одржлив профит во текот на подолг период.
Истражете ја конкуренцијата
Проверете дали вашите цени се во согласност со цените на слични компании на Вашата. Ако не се, развијте план за постепено усогласување на Вашите цени со цените на пазарот.
Ставете ги промените на цените во договорите
Вклучете информации за потреба од зголемување на цените поради редовно зголемување на инфлацијата / трошоците за вршење деловни активности во вашиот договор. Овие зголемувања треба да бидат процент од постојната цена што може да помогне во прилагодувањето на стапката на нормална инфлација или други фактори.
Ова е едноставен начин да воведете информации за зголемување на трошоците во редовниот процес на склучување договори, така што не мора да се враќате и да го објаснувате проблемот подоцна. Исто така, на Вашите клиенти им дава многу предупредувања кога доаѓа зголемувањето и им обезбедува временска рамка за да можат да ги прилагодат своите буџети.
Поврзете го зголемувањето на цената со додатни вредности кои ги испорачувате со Вашите услуги
Шансите се големи дека ќе додадете нови услуги и нови можности со текот на времето, а тоа ќе бара зголемување на цените за да ги одржите вашите маржи. Објаснете ја новата вредност што ја давате и како новите карактеристики / функции ќе влијаат на рентабилност или вкупните трошоци за испорака на Вашите услуги или производи. Клиентите ќе бидат повеќе подготвени да ги прифатат овие зголемувања ако знаат дека добиваат подобрени услуги или дополнителни поволности.
Редовна комуникација
Планирајте разумен број на повици годишно, со секој клиент за да процените како се одвиваат работите. Клиентите ќе запомнат дека сте презеле иницијатива и тие ќе го ценат гестот. Овој тековен дијалог со клиенти за услугите што ги давате и промените на пазарот помага да се осигурат дека тие се свесни за новите производи и карактеристики, и други Ваши активности. Потоа, кога ќе дојде време да се зборува за зголемување на цената, тие веќе ќе знаат што сте правеле за да им помогнете за нивниот бизнис да успее.
Понудете дополнителни опции
Можете исто така да воведете зголемување на цените со создавање нови пакети на услуги или производи. Доколку е потребно, обезбедете да е достапна опцијата со пониски трошоци, но нагласете дека тие можат да добијат поголема вредност со поскапиот пакет. На крајот на краиштата, ќе откриете дека повеќето клиенти повеќе се грижат за вредноста на она што го добиваат отколку за цената.
Избришете ги слабите
Понекогаш е тешко да се препознае кои клиенти се профитабилни, а кои не. Сепак, честопати, оние кои се фокусираат на цената наспроти вредноста на услугите што ги добиваат, најмногу ги оптеретуваат Вашите деловните ресурси. И покрај тоа што сè уште постои ризик да изгубите деловна активност, можно е да се структурираат зголемувања на цените за да се помогне во чистење на плевелот на непрофитабилните клиенти. На пример, ако имате клиенти кои бараат повисок степен на услуга од вообичаеното, но исто така и цело време бараат постојани попусти, зголемувањето на цената може да ги испрати во потрага по добавувач со пониски цени и да го ослободи вашиот персонал да донесе нови подобри клиенти или да се концентрира на создавање на нови можности за приходи со помалку проблематични клиенти.
Запомнете, вашите клиенти се исто така сопственици бизниси кои имаат потреба од периодично зголемување на цените. Размислете зошто ги зголемувате цените, комуницирајте ги јасно и самоуверено овие причини и проверете дали сте ги поставиле вистинските основи со редовно комуницирање со вашите клиенти за вредноста што ја давате на корисниците преку Вашите услуги и производи.
Ако ги спроведувате овие чекори редовно, може да се воведат периодични прилагодувања на цените со минимална драматика и без губење на клиенти.