Остануваме посветени на грижата за Вашиот бизнис да функционира во најдобро светло. Helix е гаранција дека Вашето работење е секогаш согласно сите законски регулативи. И во услови на криза, Вашиот Helix е сè помоќен, посигурен, постабилен…
Објавени се две нови законски измени кои се имплементирани во Helix:
Законска 97 (04.01.2021): Нов образец за КДФИ
Оваа Законска измена е имплементирана согласно промените на Книга за дневни финансиски извештаи/ КДФИ-01 кои се пропишани согласно објавата во „Службен весник на РМ“, бр. 141/2010 од 26.10.2010 година.
Овие измени на КДФИ се поврзани со имплементирање на новата повластена даночна стапка од 10%.
Законска 96 (04.01.2021): Нови ознаки на даночните стапки на фискален апарат
Оваа Законска измена е имплементирана согласно на Правилникот за усогласување на фискалните апарати со новата повластена даночна стапка објавен во Службен весник бр,315 од 30.12.2020 година.
Со имплементирање на оваа законска измена се менуваат ознаките на даночните стапки кои HELIX ги испраќа до фискалниот апарат:
Означувањето на даночните стапки во фискалните апарати се врши со алфа кодови А, Б, В и Г на следниот начин:
- ознака „А” за добра и услуги кои се оданочуваат со општа даночна стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ);
- ознака „Б” за добра и услуги кои се оданочуваат со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 5%;
- ознака „В” за добра и услуги кои се оданочуваат со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10% и
- ознака „Г” за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност (ДДВ) и за извршениот промет на добра и услуги од даночни обврзници кои не се регистрирани за целите на данокот на додадена вредност (ДДВ).
За повеќе детали околу овие Законски измени како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.