Во моментов најдобра услуга во ИТ индустријата кај нас! Можеби не делува симпатично од наша страна да го кажеме ова! Ниту пак е паметно од маркетиншки аспект. Можеби ќе Ви делува премногу арогантно и надмено. Но, од друга страна чувствуваме одговорност да Ви ги кажеме овие информации. Токму сега! Бидејќи сега е многу важно да донесете правилна одлука! На хартија можеби некоја компанија ќе Ви понуди слични услови. Но, никогаш, ниту една компанија на нашиот пазар не понудила нешто приближно слично на ова. Можеби сметате дека одржување е само да се јавите кај програмерот, и тој да Ви отстрани некој проблем во програмот. Малку да почекате. Да се понервирате малку. Да се реши проблемот и да продолжите со работа. Најчесто тоа и го нудат компаниите. И до некаде, каде подобро или полошо, поспоро или побрзо… ќе го добиете ова! И тоа е супер! Но зошто да не добиете нешто подобро!? Вие заслужувате! Зошто да не добиете поддршка која го разбира Вашиот бизнис? Зошто да не добиете поддршка со економско познавање? Зошто да не добиете круцијален совет во моментот, наместо само отстранување на проблемот? Бидејќи ако некој проблем еднаш се појавил, ќе се појави пак, доколку не се промени нешто во работењето! Зошто да добиете законски измени пред сите останати? Законски измени без да мора да се јавувате и да прашувате до каде е работата? Зошто да не добиете одржување фокусирано на развој на Вашиот бизнис?