Дигиталната трансформација на компаниите подразбира длабока и забрзана трансформација на деловните активности, на процеси, на надлежности и на модели на бизнисот со цел целосно искористување на промените и на можностите на дигиталните технологии и нивното влијание на компанијата, и тоа на еден стратешки и приоритетен начин земајќи ги предвид сега присутните и идните промени во начините на размислување и на работење.
Имплементацијата на квалитетно и сеопфатно ЕРП софтверско решение преставува еден од најважните чекори во процесот на дигитална трансформација на Вашата компанија.
Во Вашата компанија сте свесни дека имате потреба од имплементација на некоја од следниве активности :
- Набавка и воведување на нови дигитални решенија (софтвер, алатки, лиценци и сл.) и развој на дигитални бизнис модели, кои може да вклучуваат дигитализација на каналите за продажба и набавки
- Развивање на нови канали за продажба и активности за влез или експанзија на нови пазари – градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.
- Подобрување на продуктивностa и ефикасностa на производствените и/или деловните процеси;
- Намалување на трошоци на производство и оперативно работење;
- Подобрување на ефикасностa при употреба на ресурси;
Но секогаш постои еден проблем, тоа е проблемот со недостаток од доволно финансиски ресурси, човечки ресурси и знаење за имплементација на Вакви решенија во компанијата. Ова е посебно изразено во период на криза како што во моментов е кризата поради COVID-19. Сепак шансите се насекаде околу нас. Правовремената информација е секогаш клучна за правилно да ги искористиме можностите кои ни ги носи животот. ЗОНЕЛ Софтвер е тука да Ви помогне со правовремени информации за сите можности како би Ви помогнале да го развиете Вашиот бизнис и да имплементирате софтверски решенија кои ќе Ви помогнат во квалитетна дигитална трансформација на Вашиот бизнис.
Jавен повик на ФИТР за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
Целта на овој Инструмент од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.
Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез, експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.
Во рамките на овој повик во зависност од големината на Вашата компанија, бројот на вработени и Вашиот годишен приход можете да обезбедите грант од 2.500.000 денари до 10.000.000 денари за имплементација на дигиталната трансформација во Вашата компанија.
Добијте бесплатни информации и совети
Тука сме за Вас секогаш да Ве информираме за сите можности како би Ви помогнале да го развиете Вашиот бизнис од секој аспект. Добијте бесплатно советување како да изработите најдобар проект конкурентен на сите повици за грантови. И не само тоа, стоиме комплетно позади Вас како софтверска и другарска поддршка до самото финализирање на процесот на дигитална трансформација на Вашата компанија. Не ја чувајте Вашата брилијантна идеја во фиока. Договорете термин за бесплатно советување уште денеска!