Остануваме посветени на Вашиот бизнис. Бидејќи сакаме Вашето работење да нема застои и да бидете чекор пред конкуренцијата. Новата законска измена е веќе имплементирана во Вашиот Helix.
Законска 100 (19.04.2021):Финансиска поддршка за плати за 02,03 месец 2021 година поради кризата од Covid19“
Оваа Законска измена е врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021.
За вработените кои ги исполнуваат условите за финансиска помош во Helix во Плата во Матични податоци за вработени, со избор на копчето за Промена/Преглед, се избира вториот таб Податоци за вработување и таму се селектира Да кај опцијата Фин.поддршка за 02,03/2021.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.