Успешното управување со цените во голема мера зависи од прецизни и навремени информации за сите сегменти од кои зависи цената. Многу е важно да имате темелна анализа и информации за промената на цените на производите од Вашите добавувачи. Овие информации треба да бидат достапни за сите засегнати сектори во Вашата компанија.
- Последна набавна цена од добавувач
Овој податок е многу важен. Потребно е Вашиот софтвер да Ве информира за промената на цената на секој производ при внесување на секоја влезна фактура. Особено во овој период кога цените на производите се менуваат буквално секој ден.
Покрај податокот за последна набавна цена од добавувач, многу важно е да имате податок и за просечната набавна цена на производот, како би можеле долгорочно и ефикасно да управувате со цените.
Еве како треба да изгледа идеален прием на производи, односно внесување производ во влезна фактура: