Тимот на Зонел Софтвер и во услови на криза посветено работи на развој на Helix како би ги следиле Вашите потреби и развојот на Вашиот бизнис. Нашата континуирана работа на развој е најголема потврда дека секогаш имате сигурен партнер кој е подготвен за сите предизвици кои ги носи бизнисот. Новата верзија 7.40 е надополнета со нови одлични можности и функции, кои ќе придонесат да бидете уште поефикасни во Вашето работење.
Само некои од новостите:
- Автоматско книжење на одложен приход од услуги, со претходен месечен распоред на доспевање на признат износ, според МСФИ стандардот,
- Во финансов налог додадена е опција за масовно затварање на конто 1210,
- Додадена е опција за масовна промена на конта од книжењата за определен период и селектирани (незаклучени) налози,
- Нови извештаи за следливост по лотови – досие за репроматеријал и досие за финален производ,
- Воведено е ново поле за странски назив на коминтент во шифрарник на коминтенти,
- Во акции за каса додадена е можноста за акција на ниво на сите производи од шифрарник
- ……
Сите новини имплементирани во Верзија 7.40 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 7.40