Работевме посветено и овој период. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирање на Вашиот бизнис. Helix е гаранција дека Вашето работење е секогаш согласно сите законски регулативи. Вашиот Helix е сè помоќен, посигурен, постабилен… Нова законска измена имплементирана во Helix:
Законска 101 (08.03.2021):Ограничување на маржата на 5% и 10% за одредени производи 01.03.2022-31.05.2022
Оваа Законска измена е врз основа на Одлуката на Владата со која се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата.
Оваа мерка се однесува на: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук.
Во HELIX воведено е ново сетирање во Шифрарник на производи со кое се овозможува да се чекира производот дека спаѓа во оваа група на производи со ограничена маржа:
После вака поставеното сетирање во програмата ќе добивате порака за производи кои се продаваат со повисока маржа од максимално одредената согласно одлуката на Владата.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.