Остануваме посветени на грижата за Вашиот бизнис да функционира во најдобро светло. Helix е гаранција дека Вашето работење е секогаш согласно сите законски регулативи.  Гаранција дека секогаш ќе бидете чекор пред Вашата конкуренција! … Нова законска измена имплементирана во Helix:

Законска 102 :  Ограничување на маржата на 0%, 3% и 4% за одредени производи 09.03.2022-31.05.2022

Оваа Законска измена е врз основа на новата одлука на Владата  за посебните услови за трговијата на одделни стоки која влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 9 март 2022 година.

Со новата Одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки:
• леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња);
• сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
• брашно од пченица – тип 400;
• шеќер бел конзумен;
• трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
• свежо месо;
• сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив;
• сирење, бело кравјо и сирење, бело мешано кравјо и овчо;
• урда кравја;
• македонски ориз бел;
• јајца од кокошка и
• шпагети и макарони од мека и дурум пченица.
Највисоката трговска маржа за претходно наведените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 4% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 3% на продажната цена пресметана во трговијата на мало. Производителите кои ги произведуваат претходно наведените стоки се опфатени во трговскиот ланец на трговијата на големо.
Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена за претходно наведените трговски стоки.
Стоките:
• Леб бел и полубел цел и сечен на парчиња;
• Сончогледово масло за јадење – без ладно цедено масло и
• Брашно од пченица – тип 400,
ќе се продаваат во трговијата на мало по набавна цена, без трговска (профитна) маржа.
За претходно наведените стоки не се пресметува и одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции). Заради усогласување со претходно наведеното, се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба во трговскиот ланец меѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало), или се склучуваат нови договори
Ограничувањето на највисоката трговска (профитна) маржа на стоките од одлуката ќе се применува до 31 мај 2022 година.
 
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 41/22). Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 9 март 2022 година.
 
Во HELIX воведено е ново сетирање во Шифрарник на производи со кое се овозможува да се означи производот дека спаѓа во оваа група на производи со ограничена маржа и да се одбере соодветната маржа:

После вака поставеното сетирање во програмата ќе добивате порака за производи кои се продаваат со повисока маржа од максимално одредената согласно одлуката на Владата.

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.