HELIX во моментов е единствена сигурна гаранција на пазарот дека секогаш ќе работите согласно сите законски нормативи. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирањето на Вашиот бизнис, имплементирана е нова законски измена во Вашиот HELIX:

Законска 106 (20.10.2022): Ограничување на маржата на 5% и 10% за одредени производи 7.10.2022-31.12.2022

Оваа Законска измена е врз основа на новата одлука на Владата  за посебните услови за трговијата на одделни стоки.

Во „Службен весник на РСМ“ бр.217/22, Владата на РСМ објави дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со дополнувањето на Одлуката се замрзнува трговска (профитна) маржа и за млечните производи и тоа за:
– урда,
– крајво бело сирење и мешано бело сирење,
– кашкавал,
– кисело млеко и павлака и
– јогурт.

Во HELIX воведено е ново сетирање во Шифрарник на производи со кое се овозможува да се чекира производот дека спаѓа во оваа група на производи со ограничена маржа:
 

После вака поставеното сетирање во програмата ќе добивате порака за производи кои се продаваат со повисока маржа од максимално одредената согласно одлуката на Владата.

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.