Драги пријатели, среќни сме да споделиме со Вас дека објавивме нова е-книга! Книгата е со наслов „Како да ја зголемите продажбата во услови на криза?“ и е одличен прирачник кој ќе Ви помогне да бидете поуспешни во продажбата. Автори на книгата се Гоце Џуровски и Марјан Анѓеловски, кои имаат големо искуство во областа на маркетингот и продажбата.
Во книгата се опфатени повеќе сегменти кои се значајни во градење на успешна продажна стратегија. Направена е темелна анализа за топ предизвиците во продажбата и кои се најновите трендови и предвидувања во продажбата. Книгата содржи неколку одлични анализи на следните теми:
- Продажба базирана на вредност
- Продажба преку социјалните мрежи
- Успехот на клиентите е врвен приоритет
- Продажба преку повеќе канали е веќе стандард
- Автоматизацијата на продажбата создава разлика
- Генерирање на потенцијални клиенти преку висококвалитетни информации
- Продажбата заснована на податоци е модерна
- Поблиска врска помеѓу продажбата и маркетингот
- Продажба на Z-генерацијата
- Користење на продажни видеа
Е-книгата „Како да ја зголемите продажбата во услови на криза?“ содржи и одличен план како да направите победничка стратегија за продажба. Оваа стратегија ќе Ви помогне да ја зголемите Вашата лична и професионална вредност на пазарот, да изградите доверба и да се соочите со бројките, односно резултатите. Ќе добиете супер информации како да направите психолошка анализа на Вашите купувачи, да имате најдобри продажни состаноци и како може Вашата победничка стратегија да ја управувате софтверски.
Овој прирачник треба да го има секој кој планира да има успешна продажна година. Преземете го и Вие. Комплетно бесплатно!
Преземи е-книга!