Нашиот план за развој донесе нов супер резултат. Направивме одлични нови развојни можности изминатиов период. Вашиот Helix се развива систематски и со план кој е фокусиран на подобрување на Вашиот бизнис. Новата верзија 7.60 значи подобрен Helix, со неколку нови функции за кои сме сигурни дека ќе го олеснат Вашето работење и ќе Ви овозможат задоволство и среќа во работењето.
Само некои од новостите:
- можност за креирање на правила за автоматско составување на објаснувачки белешки за завршна пресметка,
- извештај за стаж,
- можност за масовно доделување на датум и валута на селектирани калкулации,
- можност за печатење на опомени за неплатени фактури,
- можност за книжење само на едно основно средство,
- можност за преглед на логови за сите фирми истовремено,
- можност за печатење на Потврда за неискористен одмор и Решение за годишен одмор,
- можност за поставување на аларми за договори кои истекуваат
- …
Сите новини имплементирани во Верзија 7.60 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 7.60