Веќе знаете дека во текот на вчерашниот ден ја имплементиравме законската измена  108: Ограничување на времетраењето на акции (30 денови) и промоции (8 денови) во малопродажба. Не застануваме тука, со цел Вашето работење да се одвива без никаков застој, денеска ја имплементиравме и новата законска измена:

Законска 109 (22.02.2023): Декларација на производ и на албански јазика

Оваа законска измена се имплементира согласно промените на Закон за заштита на потрошувачите (Службен весник број: 236/2022).

Согласно Член 6 од  Законот:

  • Трговецот е должен на потрошувачот да му ги даде, на јасен, видлив и читлив начин, а преку амбалажа, приврзок, налепница, упатство, декларација, изјава, сертификат и/или на друг соодветен документ, најмалку следниве точни, целосни и корисни информации за:

            1) белезите, квалитетот, начин на употреба и функционалноста на стоките или услугите;
            2) влијанието на одредени стоки или услуги врз животната средина и животот, здравјето и благосостојбата на луѓето, како и за мерките за заштита, согласно со важечките прописи и стандарди и
            3) името или називот, географската адреса и другите податоци значајни за определување на идентитетот на трговецот.

  • Трговецот е должен информациите од ставот (1) на овој член на потрошувачот да му ги даде напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.

Со  иваа законска измена во HELIX  се овозможува во Шифрарници->Производи, при промена или отворање на нов производ, во Опис:

 

Може да се внесе текстот за декларацијата на производот на македонски и на албански јазик.

Додека во табот Други информации може да се внезе називот на производот на албански јазик.

При печатењето на декларацијата во нејзината содржина ќе биде декларацијата на производот на македонски јазик и на албански јазик

За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.