Почитувани дами и господа,

Ни претставува голема чест да Ве поканиме на нов одличен вебинар. Овој настан е супер прилика каде ќе добиете квалитетни информации и практични совети кои ќе Ви помогнат како успешно да направите дигитална трансформација на процесите во Вашата компанија.

Дигиталната трансформација е фундаментална промена во начинот на кој работиме. Без разлика дали сте сопственик на бизнис, менаџер, вработен, клиент или само некој кој е љубопитен за светот околу вас, дигиталната трансформација е нешто за што треба да бидете свесни. На настанот ќе разговараме за трендовите, предизвиците и можностите кои ги носи дигиталната трансформација. Преку оваа едукација, можеме да навлеземе подлабоко во тоа што значи дигиталната трансформација за бизнисите, како таа влијае на различните индустрии и што можеме да направиме за да се подготвиме за дигиталната иднина.

На Вебинарот ќе претставиме и практични примери каде ќе ги опфатиме сите аспекти кои ќе Ви помогнат во дигитализација на бизнис процесите во Вашата компанија преку интегрирано софтверско решение.

Сите учесници на настанот ќе добијат сертификат за присуство на Вебинарот.

Имаме одлични говорници со големо искуство на темата –  Зоран Настевски, Гоце Џуровски  и Марјан Анѓеловски.

Зоран Настески (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за бизнис менаџмент, со 30 години искуство во водечки улоги како извршен директор во Зонел Софтвер. Тој има долгогодишно искуство во развојот на софтвер за МСП, особено во процесот на планирање и развој на ERP софтверски решенија за МСП. Тој има широко познавање на управување со ИТ проекти, планирање и организација на идните проекти и програмирање (Delphi XE 2011, Visual Studio 2008/2010, Web Services, NetBeans, Eclipse, C++, C#, Java, SQL, HTML, ASP, Java Script, UML, Linux, Network programming, Assembler, Artificial intelligence).

Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 20 години искуство во координација на разни проекти. Учествуваше во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитализација на бизнис сектор.

Марјан Анѓеловски е маркетинг и продажен специјалист со искуство во повеќе компании. Како тим лидер има учествувано во развојот на стратегиите за продажба во неколку компании. Негова специјалност е контент маркетинг и директна продажба. Автор е на 7 книги, 4 театарски претстави и е сценарист во неколку телевизиски емисии. Неговите креативни идеи нудат нова естетика и енергија во маркетингот и продажбата.

Настанот ќе се одржи преку платформа ZOOM во четврток, 2.3.2023, со почеток од 19:00 часот и истиот е бесплатен за сите кои ќе се регистрираат навреме.

Резервирајте го Вашето место, пополнете ја формата за пријавување:

АГЕНДА

19:00 – 19:30

Дигитална трансформација за мали и средни претпријатија: Патоказ до успехот

19:30 – 20:00

Дигитализација на бизнис процесите во Вашата компанијата преку софтверско решение

20:00 – 20:20

Завршна дискусија

Ве очекуваме на овој одличен едукативен настан! Резервирајте го Вашето место! Регистрирајте се!

Срдечен поздрав,

Тимот на Зонел Софтвер