Работевме посветено и овој период. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирање на Вашиот бизнис. Helix е гаранција дека Вашето работење е секогаш согласно сите законски регулативи. Вашиот Helix е сè помоќен, посигурен, постабилен… Нова законска измена имплементирана во Helix:

Законска 118 (1.11.2023): Продолжување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало до 31.12.2023

Оваа законска измена се заснова на најновата одлука на Владата на РС Македонија – ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД. која е објавена во Службен В. на Р.М. бр:227/2023 од 27.10.2023.

Со оваа одлука посебните највисоки цени во трговија на мaло и трговија на големо кој важеа до 30.11.2023 се продолжуваат да важат до 31.12.2023 година.

Во HELIX воведено е ново сетирање во Шифрарник на производи со кое се овозможува да се чекира производот дека спаѓа во оваа група на производи:

После вака поставеното сетирање во програмата ќе добивате порака за производи кои се продаваат со повисока маржа од максимално одредената согласно одлуката на Владата.

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.