Оглас за вработување за: 2 (Двајца) Асистенти за корисничка поддршка
Знаења и потребни вештини:
- Истаканати комуникативни вештини и емоционална интелигенција
- Познавање на деловното работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати, изготвување анализи и комерцијални извештаи)
- Позитивен, неконфликтен пристап во контакт со комитентите и изразена особина за проценка на нивното задоволство
- Позитивно истакната особина за добро изразување и составување дописи со недвосмислена и прецизно формулирана содржина
- Иницијативност и спремност за помош во решавање на различни прашања од корисничка природа при користење на софтверските апликации
- Познавање на Office (Word, Excel, Outlook, P. Point)
Позитивно ќе биде оценето познавање на англиски јазик
Клучни задачи и одговорности:
- Консултативна поддршка по телефон, e-mail, Тикет или корисничка обука и повремено изготвување документација во врска со користење на апликативниот софтвер
- Тековна деловна комуникација, координација и известувања на комитенти од информативен или анкетен карактер
- Повремено учество на вебинари и изготвување на текстуални едукативни материјали и видео содржини
Предност ќе имаат кандидатите со претходно познавање на HELIX ERP Системот изработен од ЗОНЕЛ Софтвер
При аплицирање во предмет на порака внесете: За Вработување
Вашето CV испратете го на konkurs@zonel.com.mk.
Краен рок за пријавување: 31.03.2024
ZONEL Software
Програми за книговодствено, материјално и комерцијално работење
2401-204, 2402-274
konkurs@zonel.com.mk
www.zonel.com.mk