Продолжуваме со развој како би го олесниле Вашето работење. Вашиот Helix се развива систематски и со план кој е фокусиран на подобрување на Вашиот бизнис. Новата верзија 8.00 значи подобрен Helix, со многу нови можности и функции за кои сме сигурни дека ќе го олеснат Вашето работење и ќе Ви овозможат задоволство и среќа во работењето.
Само некои од новостите:
- Нова можност при повик на бруто биланс да се прикажуваат само контата за кои има книжење во периодот,
- Додадена е можност за експорт во Ексел на извештајот за Споредбена спецификација,
- Нова можност за масовно праќање на услужни фактури преку мејлерот,
- Изработена Потврда за откупени земјоделски производи,
- Во содржина на влезна калкулација > специјални опции додадена е опција за “Доделување рабат на селектирани артикли”,
- Додадено опција за проверка на залиха при креирање на калкулација од профактура,
- Додадена е можност за печатење на декларации со стара и нова цена на производите,
- Додадена е можност за работа со паралелни сметки во каса…
Сите новини имплементирани во Верзија 8.00 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 8.00