Една од најголемите предности на HELIX е автоматизацијата на финансиските процеси. Со автоматизирање на задачи како фактурирање, теркови за автоматско книжење, автоматско импортирање и раскнижување на банкови изводи од плаќања и следење на трошоци, можете да ги намалите човечките грешки и да ја зголемите брзината на обработка. HELIX Ви овозможува да:
– Автоматизирате фактурирање и плаќања: Со HELIX, можете автоматски да генерирате и испраќате фактури до Вашите клиенти, како и да управувате со плаќањата кон добавувачите.
– Следите приходи и расходи во реално време: HELIX Ви овозможува да имате комплетен преглед на Вашите финансиски текови, со ажурирање на податоците во реално време.
– Генерирате финансиски извештаи: HELIX Ви овозможува генерирање на детални финансиски извештаи, како што се:
– Извештај за Приходи и Расходи (Income Statement): Преглед на сите приходи и трошоци за одреден период.
– Биланс на Состојба (Balance Sheet): Детаљен приказ на имотот, обврските и капиталот на компанијата.
– Извештај за Парични Текови (Cash Flow Statement): Следење на приливи и одливи на готовина за подобро управување со ликвидноста.