Годишните сметки и даночните пријави се ближат, а Вашето сметководствено биро треба да биде што е можно попродуктивно и ефикасно. Токму затоа сега е совршен момент да го смените софтверот. HELIX не само што ќе ви ја олесни секојдневната работа, туку ќе го трансформира начинот на кој управувате со Вашите обврски. Еве 10 предности за вашето биро:
1. Заштедувате време – Со HELIX, автоматизацијата на книжењата ви овозможува да се фокусирате на покомплексни задачи, наместо да губите време на рутински процеси.
2. Намалување на стресот за годишната пресметка – Со автоматската завршна пресметка, HELIX го поедноставува целиот процес, што Ви дава мир и сигурност пред крајот на годината.
3. Брза обработка на влезни фактури – Со HELIX, скенирањето на влезни документи не значи само дигитално чување. Од скениран ПДФ документ, со еден клик можете автоматски да креирате влезна калкулација. Ова значително ја забрзува обработката на влезните фактури, штедејќи Ви време и намалувајќи ги можностите за грешки, што Ви овозможува побрзо и поефикасно да ги завршите дневните задачи.
4. Флексибилност за секоја компанија – Без разлика на големината на фирмата, платите се пресметуваат без проблем, што Ви овозможува да соработувате со најразлични клиенти без дополнителни компликации.
5. Подобра комуникација со клиентите – Со лесната интеграција, брзо и ефикасно ги поврзувате вашите клиенти, овозможувајќи им побрз и појасен увид во нивните финансии.
6. Извештаи според вашите потреби – Со ‘Креатор Плус’, добивате неограничен број извештаи кои точно одговараат на Вашите потреби и потребите на вашите клиенти, што го олеснува донесувањето на клучни одлуки.
7. Автоматизирање на ДДВ пријави – Ве ослободува од главоболката поврзана со подготовката и доставувањето на ДДВ пријави, со што ви останува повеќе време за стратегии и раст.
8. Секогаш во тек со законите – HELIX гарантира дека секоја законска промена е навремено имплементирана, што значи дека Вашето сметководствено биро секогаш да работи во согласност со најновите законски регулативи.
9. Посветена поддршка од искусни консултанти – Нашиот искусен тим на консултанти не само што ќе ви помогне при имплементацијата на HELIX, туку ќе биде ваш партнер на секој чекор, и се грижи да ги искористите сите предности на HELIX за максимален успех.
10. Повеќе клиенти, повеќе профит – Со HELIX можете да управувате со повеќе фирми без да ангажирате дополнителен персонал, што значи дека вашето биро ќе стане попродуктивно и профитабилно.
Не Чекајте!
Сега е вистинскиот момент да го направите првиот чекор кон поефикасно работење. Закажете бесплатна презентација на HELIX или побарајте понуда која е целосно прилагодена на вашите потреби. Контактирајте нè преку нашата Веб форма или директно со нашите претставници од тимот за продажба и маркетинг:
Гоце 070/227-162
goce.dzurovski@zonel.com.mk или
Марјан 078/435-632
marjan.angelovski@zonel.com.mk.
Не пропуштајте ја можноста да ја подигнете ефикасноста на Вашето сметководствено биро на ново ниво!