Вебинар: Зошто Ви е неопходна дигитална трансформација на Вашиот бизнис?
Почитувани дами и господа,
Дали сте подготвени да го однесете Вашиот бизнис на следното ниво со дигитална трансформација? Ви го претставуваме нашиот бесплатен вебинар „Зошто Ви е неопходна дигитална трансформација на Вашиот бизнис?“
Дигиталната трансформација е фундаментална промена во начинот на кој работиме. Без разлика дали сте сопственик на бизнис, менаџер, вработен, клиент или само некој кој е љубопитен за светот околу вас, дигиталната трансформација е нешто за што треба да бидете свесни. На настанот ќе разговараме за трендовите, предизвиците и можностите кои ги носи дигиталната трансформација. Преку оваа едукација, можеме да навлеземе подлабоко во тоа што значи дигиталната трансформација за бизнисите, како таа влијае на различните индустрии и што можеме да направиме за да се подготвиме за дигиталната иднина.
На Вебинарот ќе претставиме и практични примери каде ќе ги опфатиме сите аспекти кои ќе Ви помогнат да ги раководите процесите во Вашата компанија преку интегрирано софтверско решение. Имате можност да научите како иновативните софтверски решенија можат целосно да ги подобрат Вашите интерни процеси, од автоматизација на секојдневните задачи до зголемена ефикасност и продуктивност. Ќе се осврнеме на тоа како дигиталните алатки можат да ја поедностават работата, да ја намалат потребата за рачно внесување податоци и да овозможат подобра контрола врз клучните деловни активности.
Сите учесници на настанот ќе добијат сертификат за учество на Вебинарот и специјален попуст за купување на HELIX.
Имаме одлични говорници со големо искуство на темата – Зоран Настески и Гоце Џуровски
Зоран Настески (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за бизнис менаџмент, со 35 години искуство во водечки улоги како извршен директор во Зонел Софтвер. Тој има долгогодишно искуство во развојот на софтвер за МСП, особено во процесот на планирање и развој на ERP софтверски решенија за МСП. Тој има широко познавање на управување со ИТ проекти, планирање и организација на идните проекти и програмирање.
Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 25 години искуство во координација на разни проекти. Учествуваше во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитализација на бизнис сектор.
Настанот ќе се одржи преку платформа ZOOM во среда, 16.10.2024, со почеток од 18:00 часот и истиот е бесплатен за сите кои ќе се регистрираат навреме. Резервирајте го Вашето место на следниот линк: Регистрација!!!
АГЕНДА
18:00 – 18:30 | Дигитална трансформација за мали и средни претпријатија: Патоказ до успехот |
18:30 – 19:00 | Дигитална трансформација на процесите во компанијата преку софтверско решение |
19:00 – 19:20 | Завршна дискусија |
Ве очекуваме на овој одличен едукативен настан! Резервирајте го Вашето место! Регистрирајте се!
Срдечен поздрав,
Тимот на Зонел Софтвер