Со задоволство ја најавуваме Верзија 9.00 на Helix, која продолжува да го унапредува Вашето работење со нови функционалности и подобрувања. Нашиот тим посветено работеше на развојот на оваа верзија, со цел да Ви обезбеди уште поефикасни алатки за Вашиот бизнис.

Само некои од новостите:

  • Опција за повеќе независни контни планови,
  • Додадена опција при импорт на ставки од банкарски извод во налог за книжење доколку не се најде соодветна содржина на фактура, да затвара фактурите по старост,
  • Печатење одобрение при креирање повратница,
  • Масовно праќање на профактури преку Mailer системот,
  • Додадена е опција за користење на репроматеријали од различни магацини,
  • Додадена е опција за креирање на нивелација за одредена група на производи со одреден процент на маржа од последната набавна цена.
  • Забранета промена на калкулација во случај на заклучен финансов налог
  • Додадена опција за масовно затворање на дифолтно избрано конто за купувач и добавувач

Сите новини имплементирани во Верзија 9.00 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 9.00