ЗОНЕЛ Софтвер постојано ги следи најновите регулативи за да обезбеди усогласеност на нашите софтверски решенија со законските барања. Согласно измената која стапува на сила од 01.01.2025, граничниот износ за дозволена наплата во готовина за стоки и услуги е намален на 62.000 денари. Нашиот тим веќе ги интегрира овие промени во системот, овозможувајќи ви да продолжите со вашето работење без прекин и секогаш во согласност со важечките прописи.

Законска 122 (23.12.2024): Намален граничниот износ на 62000 ден. за дозволена НАПЛАТА во готовина за стоки и услуги – 01.01.2025

Од 1 јануари 2025 година со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник“, бр. 151/22), ЗАБРАНЕТО е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ поголем од 1.000 евра (во денарска противвредност) во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено.

Во HELIX ако се обидете да наплатите сума поголема од дозволената на фискална сметка, Ви излегува следната порака:

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.