Почитувани корисници,
Ве информираме дека согласно со Законската измена 121, која се однесува на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за донесување на Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1, поднесувањето на XML фајлови за Завршните пресметки во Централен регистар нема да биде возможно без имплементација на новата законска измена во вашиот HELIX систем.
Со оваа одлука се воведуваат стандардни шифри и називи на дејностите, групирани на ниво на сектори, оддели, групи, класи и поткласи, засновани на статистичката класификација на економските активности на Европската Унија. За да избегнете било какви проблеми со поднесувањето на Завршните пресметки препорачуваме навремено да ја извршите потребната надградба.
Деталите за оваа законска измена можете да ги најдете на следниот линк: Законска измена 121.
Дополнително, за корисници кои немаат Активен пакет за одржување и не им следува оваа законска надградба, Ве информираме дека повторно ја активиравме промоцијата за изнајмување на надградби и одржување, што значи голема заштеда за комплетна надградба на сите претходни надградби. За повеќе детали или понуда, контактирајте го нашиот сектор за Маркетинг и Продажба преку e-Support системот.
Доколку ви е потребна дополнителна помош или имате прашања во врска со имплементацијата, нашата техничка поддршка ви стои на располагање. Контактирајте нѐ преку e-Support системот за поддршка или на komunikacija@zonel.com.mk.
Ви благодариме што го користите HELIX.
Со почит,
Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер