ZONEL Software oбјавува конкурс за Сервисер за Техничка Поддршка
Знаења и потребни вештини:
- Инсталирање, сервисирање и одржување на SQL бази на податоци
- Познавање и искуство со инсталации на оперативни системи и апликации
- Познавање на компјутерски компоненти, склопување на компјутерски системи и работа со мрежи
- Иницијативност и спремност за помош во решавање на различни проблеми од техничка природа во користење на софтверските апликации
- Познавање на Office (Word, Excel, Outlook, P. Point)
- Позитивен неконфликтен пристап во контакт со комитенти и колеги
- Самостојно и совесно извршување на секоја задача
- Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
- Способност за работа во тимска околина и одговорност при работа со поголеми проекти во екипа со повеќе учесници
Позитивно би било оценето:
- Познавање на корпоративно работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати)
- Познавање на англиски јазик
- Претходно познавање на HELIX системот и другите апликации изработени од ZONEL Software
- Вештина на инсталирање и одржување на Domain и VPN поврзувања
Клучни задачи и одговорности:
- Инсталирање на апликативни решенија и MS SQL Server, во локална и мрежна околина
- Одржување на Windows оперативен систем, мрежи, подесување на мрежна инфраструктура
- Откривање и решавање на технички проблеми во врска со користењето на апликативните решенија од страна на клиентот, најчесто по телефон и преку интернет, но поретко а по потреба и во простории на комитентот
- Навремено информирање на комитентот за потребните информации согласно договорените термини
Вашето CV испратете го на konkurs@zonel.com.mk.
Рок за аплицирање: 15.02.2025