Ви треба сè повеќе и повеќе време за усогласување на финансиските информации на крајот од месецот. Вашите предвидувања за продажбата се базираат повеќе на претпоставки отколку на конкретни показатели. Вашиот бизнис има проблеми со одржување на нивото на нарачки, а задоволството на клиентите е намалено. Немате поим колку залиха имате во вашиот магацин, а имате тешкотии да го утврдите тоа. Ако ова звучи како вашиот бизнис или слично на него, тогаш е вистинско време да размислувате за HELIX системот.

Дали и вашиот бизнис се соочува со некои од следните прашања? Прочитајте, за да ги дознаете првите пет сигнали дали вашата компанија е подготвена за HELIX.

#1: Имате неколку различни софтверски апликации за различни процеси

Поминете неколку минути во размислување како вашите вработени ги евидентираат, следат и процесираат информациите. Дали вашите вработени во книговодство користат еден систем за побарувања и обврските, а друг систем за евиденција на нарачките од корисниците и за продажба? Дали процесот на примање на нарачки, нивно процесирање и внесување во книговодствениот систем е долг и макотрпен процес?

Кога различни софтверски решенија работат одделно, креираат хаос во процесите кои би требало да обезбедат нормално функционирање на вашата компанија. Без прецизни податоци од продажбата, управувањето со залихите станува невозможно, додека ненавремени информации од сметководството може да предизвикаат домино ефект и проблеми во повеќе сектори, од буџетирање на маркетингот до исплата на плати.

HELIX софтверот е интегриран систем, така што секоја функција на компанијата се потпира на единствена база на податоци. Со еден извор на информации кој содржи точни податоци во реално време, HELIX решението им помага на вработените да носат подобри одлуки во пократко време и со тоа им останува повеќе време да работат на други активности со кои овозможуваат компанијата да се развива уште побрзо.

#2: Немате лесен пристап до информациите за вашиот бизнис

Ако некој ве праша која е вашата просечна маржа, колку време ќе ви треба да одговорите? Што со другите клучни показатели, како на пример: број на нарачки во еден ден, или продажби до одреден датум. Во компанија која се потпира на различни системи и разни Excel табели кои имаат потреба од константно ажурирање и рачно усогласување, ќе има потреба од многу време за да добиете одговор на овие прашања.

Темпото на бизнисот е сега побрзо отколку кога било досега, што значи дека на вработените во вашата компанија им треба директен и брз пристап до клучните податоци. Со HELIX решението, менаџерот може да добие комплетен поглед во состојбата на неговата компанија во секое време, додека останатите вработени може да ги добијат ефикасно и брзо информациите кои им се потребни за нивните активности. На пример, комерцијалистите треба да бидат во можност да ја видат целосната историја на трансакции на клиентот и проактивно да делуваат за да се зголемат нарачките од тој клиент.

HELIX

#3: Книговодствените активности траат подолго и нивното завршување е многу потешко

Често, првите забележителни сигнали дека вашата компанија има потреба од HELIX софтверот, ќе дојде од вашето книговодство. Ако вашите вработени се потпираат на фактури и нарачки на листови хартија, и секоја недела трошат многу работни часови за рачно да ги внесат податоците во различните системи, треба да размислите колку време се троши на задачи кои со HELIX софтверот може да се завршат веднаш.

Истото важи и за финансиско известување, ако е потребно многу време да се консолидираат или усогласат финансиски информации преку разните системи и преку безброј табеларни пресметки, HELIX решението може да има значително влијание. Со сите финансиски податоци во една база на податоци, вашите вработени нема да треба да поминуваат часови во вкрстено анализирање на информации и рачно усогласување на податоците. Вработените во вашето книговодство ќе бидат попродуктивни и способни да испорачаат критични извештаи без доцнење и фрустрации.

#4: Проблеми со продажба и со задоволство на корисниците

Кога компанијата расте, еден од најголемите предизвици е управувањето со залихи. Обезбедување на вистинската количина на производи на вистинската локација во вистинско време e суштински дел од бизнис активностите на една компанија.

Кога продажбата, залихите и податоците за корисниците се водат одделно, тоа креира проблеми во вашата компанија. Пример: Ако имате недостаток од најпопуларните производи во одреден период, продажбата ќе биде намалена до следната испорака. Во исто време, ако корисникот се јавува за прашање за неговата нарачка и вработениот не може да види до каде е испораката, тоа ќе биде причина вашата компанија да создава лоша слика за доверливост во работењето и за квалитетот на своите услуги.

Со HELIX вашите вработени во сите сектори ќе имаат пристап до истите и навреме ажурирани податоци. Вработените кои комуницираат со корисниците ќе можат да им одговорат на нивните прашања за нарачките, статусот на испорака, плаќања и проблеми со испорака на услуги без да има потреба да мораат да се консултираат со другите сектори додека корисникот чека на информацијата. Уште подобро, самиот корисник ќе може онлајн да ги провери овие информации. Во исто време менаџерот на магацинот секогаш навреме ќе може да види дека залихата е намалена и да направи нова нарачка.

#5: Вашиот Информатички систем е многу сложен и одзема многу време

Еден од најголемите недостатоци на постоење на различни системи во вашиот бизнис е тоа што управувањето со нив може да стане кошмар. Измената на овие системи, нивно интегрирање и нивното одржување со закрпи и надградби е многу сложено, скапо и одзема многу време и ресурси.

Наместо да додавате дополнителен софтвер и сложеност на веќе неефикасниот систем, HELIX ќе ви овозможи да одговорите на потребите кои се јавуваат од брзите промени во вашето работење и законските регулативи. Поради ова изборот на HELIX за вашата компанија е клучна одлука. Со HELIX, новите надградби не преставуваат проблем, а новите функционалности лесно се додаваат како што вашата компанија расте и се менува.

За да дознаете како да започнете со HELIX  во вашиот бизнис кликнете тука.

Побарај понуда