Зонел Софтвер целосно ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX.

Најновата законска измена која е имплементирана е следната: Законска 75 : Евидентирање на барање на финансиска помош за вработени со  нето плата помала од 12,000 денари

Законска измена се однесува за модулот Плата, за евидентирање на барање на финансиска помош за вработени со нето плата помала од 12000 денари, во периодот до 08.2017 година. Оваа законска ќе важи до 31.08.2018 година.

Со оваа законска измена  се формира нова Шифра за во МПИН -401 и и со подготовка за МПИН ја носи шифрата во поле 3.23 во МПИН – клиентски софтвер.

Во Менито Фирми -> Плата -> Матични податоци за вработен се избира соодветниот вработен

После избор на Вработен во табот Податоци за вработување се избир шифра 401 во паѓачката листа Шифра за осл.дан МПИН

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии