Тимот на Зонел Софтвер континуирано ги следи најновите законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX.
Најновата законска измена која е имплементирана е следната: Законска 79 (21.03.2018): Усогласување на минимална плата во бруто износ на годишно ниво“
Усогласување со измената и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија. Со овој закон во член 3 се дефинира дека исплатената виснина на минималната плата во бруто износ во претходната година се усогласува во месец март секоја година.
Министерот за труд и социјална политика ја објавува висината на минималната плата во бруто износ во март секоја година, и истата ќе започне да се исплатува со платата за април во тековната година.
Промената во HELIX се наоѓа во Фирми -> Плата -> Пресметка на Плата -> Нов Месец. Тука се внесува објавената минимална плата во бруто износ за тековната година.
За повеќе детали околу оваа Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии