Ние во Зонел Софтвер постојано работиме на развој на Helix со цел да одговори на барањата и потребите на корисниците.
На 13.06.2018 е објавена најновата верзија на Helix – верзија 6.00. Во новата верзија се имплементирани многу новитети и подобрувањаа на нашите решенија.
Меѓу другото Верзијата 6.00 ги содржи следниве новости:
При креирање на нова ставка или промена на ставка е додадена опција за избор на реална почетна состојба, Додадени се импорти за изводи од Стопанска Банка – Битола и НЛБ Банка, Импорт на нормативи од готов производ, Опција за печатење на збирна спецификација за товарни листови од селектирани, Опција за креирање на сторно-фактура со автоматско превземање на ставки од редовна фактура но со минусни количини, Шифрарници – додадено поле за “должина на назив(карактери)” т.е за број на карактери на назив на производ …
За сите новитети и подобрувања можете повеќе да прочитате на следниот линк: Верзија 6.00