Без разлика дали за прв пат размислувате за Вашата ценовна политика или пак ја менувате за да направите поефикасна продажба, во секој случај треба да ги разгледате овие 5 совети. Овие совети ќе Ви помогнат да ја избегнете ценовната битка која во секој случај е стратегија која носи загуба.
1. Дали ги знаете Вашите профитни маржи?
Намалувањето на цената ќе ги направи Вашите производи подостапни, ќе имате повеќе посетители и, веројатно, повеќе продажба. „Ниската цена” и „најдобрата цена” се меѓу првите клучни зборови во Google онлајн пребарувањата пред купувањето.
Меѓутоа, зголемената продажба не значи поголема заработка. Профитната маржа е клучен фактор помеѓу успехот и неуспехот на една продавница.
Ако не ја знаете Вашата профитна маржа, работењето на оптимизација на цените може да биде многу ризично. Прво, разгледајте ги сите трошоци поврзани со производот (трошоци за купување, пакување, испорака, …). Второ, пресметајте го времето потребно за испорака на производот. Овие два сегменти се директни трошоци поврзани со производот.
Откако ќе го направите ова, почнете да размислувате за трошоците поврзани со маркетинг, даноци, вработени, набавки и.т.н.. Ова трошоци треба да растат со самиот раст на продажбата.
Сумирајте ги сите овие трошоци и ќе достигнете минимална продажна цена (погледнете повеќе информации за вкупните трошоци). Се разбира, сега треба да го продавате производот со износот на маржата што исто така, многу зависи од целниот пазар и од обемот на продажбата.
Ако не знаете колку да го наплаќате производот, направате онлајн истражување и анализирајте ги Вашите конкуренти. Ова истражување ќе ви даде основен процент на маржата за почеток.
2. Подобрете го она што Ве прави поинакви од сите останати
Секоја успешна продавница има нешто што ја издвојува од конкуренцијата. Тоа може да биде грижата што ја даваат во услугата, брзината на испораката или каталогот на ексклузивни производи.
Да се биде различен – да се разликувате од остатокот на пазарот – оправдува повисоки цени и лојалност на клиентите.
Направете листа на работи кои го прават Вашиот бизнис подобар од вашите конкуренти и потенцирајте ги Вашата комуникација и рекламирање.
3. Користете правилна стратегија за акциски производи
Добра стратегијата за акциски производи е способност да се стави производ на пазарот со многу ниска цена (или дури и бесплатен) со цел да привлече клиенти и индиректно да продава други производи со високи профитни маржи зголемувајќи го вкупен профит.
Размислете, на пример, за машини за кафе кои се нудат бесплатно да стимулираат продажба на вафли, комплет бричеви и нивните ножеви, или видео-игри комплет со конзолата.
Ако треба да влезете на нов пазар, оваа стратегија, со должно внимание, ви овозможува да привлечете повеќе клиенти од конкуренцијата.
Се разбира, бидете внимателни и мудро пресметајте ги резултатите. Како сугестија, можете да добиете големи придобивки со користење на производи кои имаат ниска набавна цена.
4. Стимулирајте ги клиентите со константно подобрување на цените
Нема ништо подепресивно отколку каталог кој не се менува со текот на времето и не ги наградува своите најлојални клиенти.
Прилагодената понуда, наместо временски ограничените понуди, може да ги убеди оние клиенти кои се уште немаат донесено одлука за купување, и со тоа сигурно ќе им покажете дека Вашата продавницата е управувана на внимателен и професионален начин. Амазон варира цени дури и во текот на истиот ден, принудувајќи ги корисниците да се враќаат често на страницата и на тој начин да добијат повратни посети.
5. Проширете ја Вашата понуда
Е-трговија обично не таргетир одредена географска област и мора да биде во можност да стигне до поширока публика отколку традиционалната продавница. Меѓутоа, најуспешните онлајн продавници имаат јасна целна публика.
Обидете се да понудите производи или услуги кои можат да им се допаднат на корисниците кои веќе Ве познаваат.
Ако продавате чевли, можете да додадете облека, но исто така и накит, производи од кожа или додатоци.
Конечно најважниот совет е: секогаш се имате на ум дека треба да продавате и онлајн! Направете што повеќе истражувања користејќи ги вистинските алатки за следење и оптимизација на ефикасноста на вашата стратегија.
Мерењето на резултатите ќе ви овозможи да го најдете Вашиот пат до успех.