Со цел Вашиот бизнис да функционира нормално, без прекини и застој, се грижиме секогаш да работите согласно сите законски промени. Новите законски измени се имплементираат во Helix веднаш после нивното објавување од соодветните институции.

Имплементирана е нова Законска измена согласно најновите измени во законската регулатива:

Законска 90 (31.01. 2020): Нов Образец ДБ за 2019 година

Согласно измената на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување објавена во (“Службен весник на РСМ “6/2020, од 11.01.2020), донесен е новиот Даночен биланс Образец “ДБ” – Даночен биланс за оданочување на добивката, кој ќе се применува за даночни цели за данок на добивка за 2019 година.

DB2019

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.