Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и мерката да прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Со истата одлука на Владата е донесена и препораката со која се наложува еден од родителите на децата до 10 години, да бидат ослободени од обврската да ги извршуваат работните обврски.
Согласно горните препораки ЗОНЕЛ Софтвер ги одложува обуките за корисниците до 24 март 2020 година. Нашите вработени Ви стојат на располагање за кратки консултации за користење на нашите решенија на телефонските броеви: 02/2401-204, 2401-205 и 2402-274
Сите мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство можете да ги прочитате тука. Благодариме на разбирањето и препорачуваме совесно следење на ситуацијата и придржување до препораките на СЗО.
Со Почит
Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер