Правовремената информација е секогаш клучна за правилно да ги искористиме можностите кои ни ги носи животот. Продолжуваме да Ве информира за сите можности како би Ви помогнале да го развиете Вашиот бизнис. Постојат повеќе програми кои можат да бидат отскочна штица за Вашиот бизнис. Имплементацијата на софтвер кој ќе го покрене Вашиот бизнис е од есенцијална потреба. Во продолжение прочитајте како може да искористите и Вие дел од 9,2 милиони евра од ИПАРД 2:
Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства
Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.
Станува збор за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Овој повик им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар на инвестиции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.
Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од: 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
Повеќе информации како може да аплицирате за програмата може да прочитате тука.
Вашиот нов софтвер преку програмата на ИПАРД 2
Една од поважните инвестиции за кои може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата е имплементација на софтверско решение. Нема повеќе изговори! Искористете ја можноста. Добијте грант за софтвер кој ќе биде главна инфузија на Вашиот бизнис и коректор на точноста во работењето. Еве зошто е Важно паметно да ги инвестирате средствата:
Зголемено производство благодарение на реални бројки!
Производството е процес кој поради неговата повторувачка природа побарува беспрекорен систем на евидентирање и процесирање на податоците. Непишано правило е дека се додека има простор за грешки – вработените ќе прават грешки. Дали во моментов имате комплетна следливост на репроматеријалите и работењето на Вашите вработени? Дали залихата на репроматеријалите соодветствува со количината на произведениот готов производ? Дали воопшто имате споредбени извештаи? Некаде помеѓу овие прашања можете да ја барате причината доколку не сте задоволни како во моментов работи Вашиот производствен погон.
Нормативи кои работат за Вас!
Работата со нормативи не е новост кај софтверските компании и најголем дел од производствените софтвери поддржуваат работа со нормативи. Сепак, нормативот не значи ништо доколку истиот правилно не биде проследен во понатамошна материјална, комерцијална и финансиска евиденција и не претставува главен коректор на аномалиите во производствениот процес. Сите овие прашања ќе ви помогнат да ги намалите трошоците и да го зголемите профитот. Можеме да Ви помогнеме доколку одлучите да креирате беспрекорен систем за производство. Повеќе околу тоа како треба да функционира производството во една компанија можете да прочитате тука.
Совршена точна следливост на производите!
На многу компании добрата евиденција на работните процеси им бега токму некаде помеѓу продажбата и следливоста на производите. Ова е особено важно кај земјоделските и сточарските производи поради расипливост на производите и одговорноста која ја има секој производител. Интегрирање на работа со ЛОТ броеви е значителен напредок во обезбедувањето сигурни производи за Вашите клиентите. Ви стоиме на располагање, доколку се одлучите да интегрирате систем на следливост со ЛОТ броеви. Закажете состанок!
Зголемен извоз и продажба!
Извозот е често главна стратешка определба кај многу производители и трговци со земјоделски и сточарски производи. Тоа е одлична стратегија бидејќи го зголемува капацитетот и отвора нови можности и пазари. Сепак, потрагата на нови пазари и раздвиженоста на економијата не е единственото нешто кое ќе Ви помогне да го зголемите извозот. Многу важно е да се свртиме кон себе и работните процеси. Два клучни сегменти се пресудни за зголемен извоз и продажба – темелна анализа на успехот во продажбата и забрзување на процесите во работењето. Не можете да кажете дека сте сериозна извозна компанија доколку за да креирате една извозна калкулација Ви е потребно да отворите неколку ексели, рачни пресметки или со калкулатор и на крајот пак да немате калкулација со сите царински трошоци, трошоци за шпедиција, транспортот или пак немате точна евиденција на сите царински наименованија. Ниту пак може да се надевате на напредок доколку немате доволно извештаи за Вашите производи и клиенти и нивните трендови. Повеќе околу тоа како може да го зголемите извозот прочитајте тука!
Искористете ја можноста!
Деловниот свет е микс од можности и препреки. Можностите сами по себе не носат ништо доколку не реагирате правилно и правовремено. Искористете ги сите можности кои Ви ги носи животот. Успехот е резултат на одлука. Закажете бесплатен консултативен разговор!