Продажната цена е еден од најзначајните фактори во односот кој го градите со клиентите. Формирањето на продажни цени базирани на погрешни техники без систематски пристап може да има крајно негативен ефект врз профитабилноста на бизнисот. Во продолжение Ви претставуваме неколку практични совети како да одредите идеална продажна цена за Вашите производи:
Креирајте цени ориентирани кон купувачот
Пред да се обидете да поставите идеална продажна цена за Вашите производи мора да бидете свесни дека парадоксот е во тоа што идеална цена не постои. Затоа, поставувањето на цените со ориентација кон купувачите е многу поважно отколку обидувањето да се избере идеална цена. Најдобрата цена за Вашите производи треба да ја побарате некаде помеѓу максималната цена дефинирана од купувачите и минималната цена определена од вложените трошоци на бизнисот. Поставувањето на цените бара да анализирате повеќе информации и факти. Клучни фактори за анализа се: трошоци за производот, пазарни фактори – понуда и побарувачка, износ на продажба, цени на конкурентите, економски услови, локација на бизнисот, сезонска променливост, психолошки фактори, услови за кредитирање и попусти, чувствителност на купувачот за цената и посакуван имиџ кој сакате да го наметнете кај клиентите.
Клучни цели и стратегии
Постојат повеќе стратегии за одредување на цените, затоа тука е многу важна Вашата креативност како менаџер која ќе Ви помогне да одредите најдобра стратегија. При креирањето на стратегијата најважно е да ги исполните следниве цели:
- Прифатливост на производот
- Учество на пазарот кога конкуренцијата расте
- Профит
Ова се три основни стратегии кои можат да Ви помогнат во остварувањето на целите:
- Продирање на производот – Доколку влегувате на високо конкурентен пазар, каде има голем број слични производи, Вашиот производ едноставно мора да продре на пазарот за да биде успешен. За да стекне производот брза прифатливост и зголемена дистрибуција, паметна одлука е да го воведете производот со пониска цена, односно да ставите цена само над вкупните единечни трошоци. Оваа стратегија може да ги обесхрабри конкуренти да влезат на истиот пазар.
- Прегледност на цената – Ова е одлична стратегија доколку влегувате на пазар со мала конкуренција. Идејата е да се определи цена која е високо над вкупните единечни трошоци и да вложите во моќен маркетинг, со што би го привлекле оној дел од пазарот кој не е толку чувствителен на цената.
- Намалување на кривата на побарувачката – Со користење на оваа стратегија, исто така се воведуваат производи со висока цена. Во случај кога технолошкиот развој му овозможува на бизнисот брзо да го намали нивниот трошок и со тоа да ја намали цената на производот побрзо отколку што може конкуренцијата. Со поврзување на другите бизниси во снижување на цените, малите бизниси ги обесхрабруваат конкурентите и го зголемуваат сопственото производство.
Какви техники може да употребите?
При креирањето на цените можете да употребите повеќе техники. Имате неограничен број на можности. Ваше е да направите темелна анализа на тоа што најмногу Ви дава резултат и да одлучите какви техники ќе одберете. Ова се некои техники кои можете да ги употребите:
- Употреба на непарни цени е психолошка техника со употреба на цени со непарни броеви (пример: 13.999 денари), бидејќи на тој начини цените изгледаат значително пониски во очите на купувачите.
- Линија на цени е техника со која се распределуваат цени во неколку различни подрачја или линии на цени. Секоја категорија содржи производи кои се слични по изгледот, квалитетот, трошокот или перформансите. Повеќето линиски производи се појавуваат во три групи (добри, подобри и најдобри) на цени што се дизајнирани за да ги задоволат различните потреби на пазарните сегменти и приходи.
- Лидерска цена е техника со која на најпопуларните производи им се доделува ниска цена со многу ниска маржа, која се компензира со зголемената продажба на тој производ.
- Географски цени е техника со која поставуваат различни цени на производите согласно реоните во кои се продава, со што би ги компензирале трошоците за дистрибуција на производот.
- Опортунистичка цена е техника која бизнисите ја користат кога одредени производи се во недостиг и на истите им се доделува значително повисока цена, но сепак, ова е техника која ќе Ви овозможи краткорочен профит.
- Попуст е една од најпопуларните техники кои ги употребуваат голем број на компании со која се снижуваат цените за да се зголеми продажбата на одредени производи кои помалку се трошат или се застарени. Исто така може да се одреди и сезонски попуст за да ги поттикнете купувачите да купуваат производи кои се вон сезона.
Победничка формула
Во денешно време скоро и незамисливо е успешно да менаџирате со цените без софтверска интеграција на материјалното и комерцијалното работење. Квалитетен софтвер значи дека во рацете имате алатка која Ви овозможува моќни комерцијални извештаи за најпродавани производи во различни периоди, можност за акции, попусти, сезонски попусти, групирање на производи, брз и едноставен процес на продажба, темелна документација како и автоматско поврзување со Вашето сметководство. Можеме да Ви помогнеме во креирањето на Вашата победничка формула! Побарајте повеќе информации!