Услугата која ја добивате со одржувањето е гаранција дека Вашиот HELIX ќе функционира најдобро во секое време. Денес на пазарот постојат повеќе програми кои нудат различни решенија. Дел од нив имаат навистина добри можности. Но ретко од кој софтвер можете да ги искористите сите можности доколку немате квалитетна поддршка. Темелниот пристап и грижата е она што не разликува од конкуренцијата. Еве што сè ќе добиете со одржувањето:
Корисничката поддршка во Зонел Софтвер е во многу сегменти поразлична од конкуренцијата на пазарот. При креирање на моделот на функционирање на корисничката поддршка наша цел беше наместо класичен „call center“ да добиете поддршка со економско и корпоративно познавање. Зошто е тоа така? Бидејќи една работа е софтвер, а друга работа е како функционира секој бизнис посебно. Џабе ако само ги отстрануваме евентуалните проблеми во програмот, доколку истиот не е прилагоден на Вашето работење. Корисничката поддршка како надоврзување на процесот на имплементација и обуките е гаранција дека HELIX ќе функционира според потребите на Вашиот бизнис.
Оваа услуга е вклучена неограничено од 8 до 16 часот секој работен ден. Истата можете да ја добиете преку системот за корисничка поддршка e-Support кој е модерен, брз и ефикасен начин како да добиете најдобра услуга
Зошто 24/7? Бидејќи знаеме дека Вашите клиенти во никој случај не би смеело да чекаат за да им издадете фискална сметка или фактура. Свесни сме дека одредени бизниси (ресторани, продавници… итн) работат и за викенди, па дури и празници. Техничката поддршка е креирана со цел да се отстрануваат навремено сите евентуални проблеми со програмот (пример ако не стартува програмот, проблеми со конекција, проблеми со фискалниот апарат…). Со други зборови, техничката поддршка е тука за да Вашиот HELIX, функционира најдобро во секое време.
Софтверски партнер кој нема план како да реагира на законските измени и не Ви е од некоја корист. Знаеме дека секоја законска измена е стресна, особено ако сте сметководител. Токму затоа, пред повеќе години одлучивме за прв пат во Македонија на законските измени да одговориме систематски. Токму така, систематски. (Погледнете тука). Без разлика дали во текот на една година има три, четири или повеќе законски измени, со активниот пакет ги добивате сите законски измени навремено.
Покрај законските измени, имаме јасно дефиниран план за развој на Вашиот HELIX. Бизнисот е жива материја. Особено денес, кога технолошкиот и индустрискиот развој е на едно повисоко ниво од било кога. Сигурно не би сакале да останете во минатото. Планот за развој на HELIXе гаранција дека ќе бидете во тек со сите бизнис трендови. Секоја нова верзија нуди плејада на нови можности. Прочитајте тука за сите програмски верзии на Helix. Покрај надградбата на нови верзии, Вашиот бизнис понекогаш има потреба и од специјални доработки. Секогаш сме подготвени да излеземе максимално во пресрет на секое барање од нашите клиенти. Дел од доработките за кои сметаме дека се корисни за најголем дел од компаниите ги имплементираме и во официјалната верзија.
Во некои случаеви, без разлика дали станува збор за корисничка грешка, инсталација, преинсталација, или пак проблеми со интернет, прекин на конекција со базата или вируси… сервисните интервенции се неопходни за да програмот функционира во најдобра ред. На пример, доколку станува збор за бришење на парагони од каса, после пријавување на проблемот во корисничка поддршка, секторот за техничка поддршка веднаш работи на детектирање на проблемот и негово решавање.
Без разлика на околностите и на ситуацијата, сакаме да бидете сигурни дека целиот наш капацитет, знаење и ресурси ќе ги вложиме во функција на Вашиот бизнис. Остануваме посветени на македонските компании и нивниот развој. Нашата деловна соработка и пријателство со клиентите е причина зошто повеќе од 30 години постои Вашиот ЗОНЕЛ Софтвер.