Работевме посветено и овој период. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирање на Вашиот бизнис. Гаранција дека секогаш ќе бидете чекор пред Вашата конкуренција! Нова законска измена имплементирана во Вашиот Helix:
Законска 98 (04.01.2021):Нов образец ДДВ-04 – нова даночна стапка 10%
Законската измена се воведува во согласност со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20). Со овие измени се изменети следните Правилници:
- Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (објавен во Сл.весник на РСМ бр.315/20 од 30.12.2020 година).
- Правилник за формата и содржината на извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, како и за формата и содржината на извештајот за примени промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примател на прометот (објавен во Сл.весник на РСМ бр.315/20 од 30.12.2020 година).
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.