За да го развиете бизнисот, еден од најважните аспекти што треба да го земете во предвид е управувањето со залихите. Мора оптимално и прецизно да управувате со залихите во Вашата компанија. Еден можен начин е со креирање и правилно разбирање на извештаите за залиха.

Без оглед на Вашиот тип на бизнис, релевантните, ажурирани и прецизни извештаи за залихи ќе ви помогнат да ги идентификувате трендовите, слабостите и недостатоците.

Со овие извештаи, можете да изградите стратегија за да го зголемите Вашиот профит без да трошите прекумерно време и ресурси.

Погледнете ги овие 4 извештаи за залихи што мора да ги знаете за да може квалитетно да ја водите Вашата компанија.

Извештај за моментални залихи

Извештајот за присутната залиха  е извештај за расположливите залихи во магацинот. Познавајќи ја количината на постојните залихи, ќе Ви биде полесно да донесете одлука за следните набавки а продажниот персонал ќе знае која залиха е достапна за продажба.

Извештајот за залихите не е само евиденција за износот на залихите наредени на полицата. Овој извештај го споредува износот на постојниот инвентар со износот на извршениот попис.

Затоа, можете да имате увид на движењето на залихата  за одреден временски период.

Можете исто така да го следите движење на залихите по нарачки и да Ви помогнете во донесувањето одлуки за количините на залиха за одредени производи за наредниот период.

Извештај за промена на залихите

Имањето евиденција за залихи во магацинот е корисно, но не е доволно. Треба да знаете кои се факторите кои влијаат на движење на залихите за подобра контрола на залихите.

Луѓето го знаат овој тип на извештај под  многу различни имиња. Како и да е, целта на овој извештај е да ви помогне да го набљудувате движењето на залихите  во одреден период и да ја откриете причината за нивното флуктуирање.

Извештај за стапка на пополнетост на залихата

Една од главните цели на контролата на залихите е да се избегне каков било недостаток на производи во одреден период за да се задржи задоволство на клиентите.

Овој тип на извештаи за залихи ви ја дава просечната стапка на пополнување на залиха за одредени артикли во одредено време и ви ја прикажува распределбата на залихите спрема нарачките на вашите клиенти на јасен начин. Овие извештаи за залихи ќе ви помогнат да ги идентификувате сложените нарачки и соодветните потреби за залиха за одредени производи за наредниот период.

Извештај за прометот во однос на залихите

Овој извештај Ви опишува колку ефикасно залихите во вашата компанија циркулираат низ синџирот на снабдување. Тоа значи дека овој извештај за залиха Ви покажува колку брзо  ја заменувате залихата во одреден период.

Овој извештај има за цел да ги следи специфичните производи за да следи кои ставки имаат добри перформанси и оние кои немаат. Може да Ви помогне да ги следите перформансите на залихите на компанијата како целина.

Заклучок

Управувањето со залихите и правилното известување се клучни аспекти за состојбата на вашиот бизнис. Со соодветна контрола на залихите може да се идентификуваат и предвидат потребите за производство или набавки во реално време.

Меѓутоа, ако работите на извештаите за залиха рачно користејќи табеларни пресметки, тоа ќе доведе до неефикасност. Веројатно ќе се случи грешка при внесување или пресметување. Дотолку повеќе ако количината на залихи е голема.

За да избегнете такви проблеми, можете да ги автоматизирате рачните извештаи за залихите. Со решението за Материјално работење HELIX, можете да го креирате кој било извештај за залихи што може да биде корисен за вашата компанија.

HELIX го интегрира системот за набавки, продажба и сметководство за да можете да ја следите комплетната состојба на залихите во реално време.

За подетални информации како HELIX може да му помогне на Вашиот бизнис закажете информативен состанок Веднаш!!!