И во новата година продолжуваме со исто темпо. Вашето работење во никој случај не смее да има застој. Посветени на стабилноста, сигурноста и беспрекорното функционирањето на Вашиот бизнис, имплементирана е нова законски измена во Вашиот HELIX:
Законска 119 (2.1.2024): Намален граничниот износ на 124000 ден. за дозволена наплата во готовина за стоки и услуги – 1.1.2024
Оваа Законска измена е согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ( “Службен весник на РСМ” бр. 151/2022) член 204 став (1) – коj гласи:” Oд 1 јануари 2024 година, забраната за плаќање на стоки и услуги од член 58 од овој закон, ќе се однесува на готовинските плаќања во износ од 2,000 евра или повеќе во денарска противредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги”
Во HELIX ако се обидете да наплатите сума поголема од дозволената на фискална сметка, Ви излегува следната порака:
и системот не Ви дозволува ваква наплата.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.