Зонел Софтвер редовно ги следи сите промени на законската легислатива и ги имплементира во своите софтверски решенија.
Во изминатиов период се имплементирани две нови законски измени во HELIX:
Законска 70 (09.02.2016): Дополна на АОП правила за завршна пресметка 2016 г. – Цена – 120 Евра
Овие промени се воведени поради промените во Образецот за ДЕ. Во Службен весник на РМ, број 9/2016 година објавен е нов Образец ДЕ за трговски друштва кој ќе се применува на годишна сметка за 2015 година. Новиот образец има 167 полиња, односно 28 повеќе од стариот.
Промените се имплементирани во делот од кориснички интерфејс:
– за внес на новите АОП позиции,
– дополнување на АОП правилата со новите позиции,
– експорт на XML датотеката за завршна пресметка,
– делот за архивирање и пренос во следна календарска година.
Преработени се сите темплејти за печатење според новиот образец целосно и со преглед пред печатење.
Законска 69 (09.02.2016): Нов образец за електронско поднесување на Даночен биланс 2016 г. – Цена – 20 Евра
Усогласување со новиот образец за XML-фајлот за електронско поднесување на Даночен Биланс.
За цените на новите Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате повеќе на следниов линк:Законски верзии