Можности и функции?
Овој простор е мал за да наброиме дури и само дел од можностите на HELIX. Само некои од нив би биле:
- Финансиско работење од комплетни денарски и девизни книжења и извештаи до потполно автоматско составување на Завршна пресметка со печатење на обрасци и подготовка на XML датотека;
- Пресметка на ДДВ и електронско поднесување до УЈП (Е-Даноци).
- Материјално работење од денарски и девизен прием и излез, материјални картици, лагер листа, пописни листи, услуги, до производство со нормативи;
- Малопродажба/малопродажно работење со приемници, повратници, нивелации, ПЛТ, трговска книга (ЕТ) и картици на производ;
- Пресметка на плата/Лични доходи од припрема и печатење на рекапитулар со автоматско финансово книжење до вирмани, платни списоци, исплатни ливчиња и верзија на програмот богата со информации за бодови, вредност на бод, минат труд, задршки, казни и награди, хранарина, превоз, боледување, … Потполна усогласеност со најновиот систем на ПИОМ!
- Благајна со внес на каса прими/исплати, нивно печатење, автоматско книжење, автоматско генерирање редоследен број и префрлање салдо во следниот благајнички извештај;
- Основни средства со евиденција на инвентар, докнижувања, расходувања, ревалоризација, амортизација, ревалоризација на амортизација, РЕВ-3;
- Камати со изработка на каматни листи според законски, договорни или слободни стапки;
- Останати опции: Печатење налози (вирмани) ПП30 и ПП50 со меморирани комитенти, копирање на податоци, …;
Печатење на документи:
Заштедете и на многу обрасци бидејќи сите потребни документи HELIX ги печати на најобична хартија на било каков печатар (матричен, ласерски, InkJet, …). Сите обрасци како финансови налози, аналитички и финансиски картици, обрасци за завршна пресметка, ПЛТ (приемен лист), ЕТ (трговска книга), ПДД-МП (рекапитулар за плата), материјални карици, пописни листи и многу други се дизајнирани со најголема прецизност според изглед објавен во Сл. Весник. За ова сведочат многу инспекциски контроли и задоволни корисници.
Освен печатените извештаи и сите други екрански прикази во HELIX се максимално прегледни, богати со сите потребни информации, флексибилни за навигација и пребарување, и располагаат со локатори и филтри. Многу од нив покрај табеларен преглед можат да се видат и во облик на графикон со можност за зголемување (zoom-ирање) и печатење или да се снимат како Excel/PDF документ за подоцнежна обработка или праќање по е-маил.
Самостојно префрлање на салда во нова календарска година:
Најмала грижа претставува префрлањето финансиски и материјални салда од една во друга календарска година. Специјално креираниот водич (Wizard) тоа го прави за Вас за секоја фирма и тоа произволен број пати без опасност за дуплирање на податоци. Значи HELIX е потполно независен и зависи само од Вашата имагинација за негова употреба.
Ако претходно изложеното го обедините ќе добиете еден комплетен програм кој ќе Ви овозможи:
- Многу повеќе слободно време за анализа и планирање;
- Многу поголема конкурентност на пазарот и исто толку поголем успех. Нашите корисници сведочат за зголемување од 3 до 10 пати;
- Крајна едноставност во работата и за почетници и за најнапредни професионалци;
- Максимална поврзаност на податоците и автоматско книжење на сите видови документи;
- Максимална сигурност и заштита на податоците;
- Специјално развиена сервисна конзола за откривање и корекција на сите кориснички грешки;
- Специјално изграден сервисен дел за детекција на разлики меѓу материјално и финансово книжење и професионален приказ по документи;
- Голем спектар на можности и функции за максимална прегледност и контрола на сите информации. Табеларни, графички прикази и export во Excel формат. Повеќе програми на едно место што го прави HELIX незаменлив и единствен на пазарот;
- Професионален водич за потполно автоматизирано префрлање финансиски и материјални салда од една во друга календарска година;
- Можност за поврзување со Ваши дислоцирани корисници кај кои се води материјално работење и едноставно префрлање на нивните веќе внесени документи директно кај Вас. Искористете ја можноста и едноставно упатете ги документите во Ваши финансови налози. Така ќе водите книговодство и со преку 200 фактури на ден само со притискање на неколку копчиња;
- Непроценлива заштеда на сите обрасци кои сте морале до сега да ги купувате;
Корисничка поддршка:
HTML кориснички ориентирана верзија на Help програм за помош и објаснување на програмот; И нешто што го нема ниеден програм во Македонија: Мултимедијално ЦД со преку 13h снимен видео материјал директно од работа со HELIX!!! Непроценлива помош и водич директно со слика и говор кој може да го слушате неограничен број пати и баш кога Вие ќе посакате !!!
Значи ли до сега изложеното дека е се на едно место ?
Не! Постојат и други индивидуални програмери или програмерски фирми кои ќе Ви понудат само дел од она што го содржи HELIX. Но покрај тоа што HELIX содржи многу повеќе опции и програми во себе за иста или помала цена, специјално формираниот тим на ЗОНЕЛ СОФТВЕР Ви нуди и други не помалку важни погодности поврзани за пакетот HELIX-К.
Покрај комплетен и квалитетен програм за сметководство добивате и бесплатна доживотна гаранција изворно од стручни лица кои од сам почеток активно работат на негово дизајнирање.
Нови или промена на вработен(и), одамна некористени заборавени опции – неограничен број пати повторување на обуката и тоа во Ваши простории !
Не сте од Скопје ? Тоа не е никаков проблем. Како што рековме неограничена обука во Вашите простории.
За сите подетални информации јавете се веднаш во ЗОНЕЛ или притиснете овде.
Секогаш прецизни и навремени промени на HELIX поради промани во законските прописи.
Екипата на ЗОНЕЛ Ви стои на располагање и за секаков вид интервенција низ цела Македонија.
Покрај интервенции поврзани со HELIX и Вашите податоци нудиме и можност за извесни дополнувања по Ваша желба.
Доколку се уште немате компјутер ЗОНЕЛ може да Ви помогне околу изборот и набавка на работни станици, сервер, умрежување, совети за одржување …
Ова веќе значи се на едно место!
Интензивно и професионално 26-годишно искуство Ви стои на дофат. Затоа за сите информации обратете се во ЗОНЕЛ или притиснете овде.
Се разбира постои можност за купување на цел или делови од HELIX-К. Доколку купувате нов или менувате постоечки програм избегнете го повторно напорното менување во иднина. Вистински програм е вистинскиот избор. Еден е HELIX – лидер за книговодствени програми.
Порачајте бесплатен рекламен материјал (Презентационо ЦД, подетален опис на можностите на програмот со слики од неговата работна околина и референтна листа на корисници).
Не одлагајте повеќе. Правилната одлука е само една! ПРОВЕРЕТЕ!
Екипата на ЗОНЕЛ Ве очекува: 02 / 24-01-204 и 24-01-205 секој работен ден од 8-16h.
Ви посакувам многу успех на секој план
Со почит, ЗОНЕЛ
Зоран Настески – управител
++389(0)2/ 2401-204 и 2401-205
П.С.:
Според нашите мерења работата со HELIX ќе ги зголеми од 10 до 100 пати Вашата брзина, ефективен капацитет, а со тоа и Вашиот успех.
Затоа направете го вистинскиот избор бидејќи тој е единствен.
П.П.С.:
Истовремено крајна едноставност за користење и неизмерно голем спектар на можности, потполно автоматизирано книжење, максимална поврзаност и компактност на податоците. Бескрајно корисен сервис за кориснички грешки и материјални и финансови сложувања.
П.П.П.С.:
Неограничена и бесплатна гаранција. Извонредна можност за подршка и сервисирање на целата територија на Република Македонија при што цената за интервенција не ги содржи патните трошоци кои комплетно ги избегнувате.
П.П.П.С.:
Зад HELIX стои висока стручна интегрираност на најнови законски прописи и професионални техники на програмирање. Посебна и единствена на наши простори контрола на развојот на неговиот програмски код ја прави 100% сигурна Вашата иднина. А иднината е единствено оправдана причина за инвестирање.