Команди кон фискален апарат

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Каса >

Команди кон фискален апарат

Во СИСТЕМ -> ФИСКАЛЕН АПАРАТ -> се поставени корисничките команди кон фискален апарат.

 

 

Ф1 Исправање на грешки- се користи доколку сметката се испечати нецелосно или при тековно печатење снема хартија во фискалниот принтер. Со користење на оваа опција треба да се отпечати делот од сметката кој останал неотпечатен и со тоа треба да се затвори отворениот парагон.

Исправање на грешки Сторно- ја има потполно истата функција само се користи доколку се јави проблем при печатење на сторно сметка

Со Ф2 се печати контролен финансисти извештај, овој извештај може да се пушта повеќе пати во тековното работење чисто за евиденција на прометот во каса.

Со Ф3 се печати дневен финансиски извештај, истиот се печати на крај на работниот ден, еднаш во 24 часа. Се добива финансиски извештај за вкупен промет во текот на целиот ден, доколку има сторни сметки истите се евидентирани на овој извештај.

Ф4 дијагностика на принтер, се користи за проверка на функционалноста на фискалниот принтер и поврзаноста со програмата. Оваа опција се користи од технички лица при поврзување на фискалната каса.

Со контролен финансиски извештај проширен имаме увид и на вкупното ДДВ по продажба на производи.

Ф7 преглед по период ни овозможува да извадиме контролен извештај за одреден предефиниран период. Кога ќе се одбере Ф7 се отвара мало прозорче во кое треба да се внесе периодот, по внесување на истиот се печати контролен за посочениот период

Сетирање и проверка на датум се користи за подесување на датумот, тој треба да биде ист како и на компјутерот.

Копчињата за внеси и изнеси пари се користат за евиденција на службено внесени и изнесени пари.

Доколку се почнува да се работи со одредени пари во каса на пример 2000 ден за нив треба да се направи службен внес, прво се пишува износот па потоа се притиска на внеси. За потврда се добива мало ливче од фискалната на кое пишува службено внесени и износот на сумата.

На крај на работното време се изнесуваат службено внесените пари на истиот начин само на копчето Изнеси.