Затварање на промет

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Каса >

Затварање на промет

По завршување на работниот ден и пуштање на дневниот финансиски извештај потребно да се затвори прометот и во програмот. Затварањето на прометот во програмот се прави во делот КАСА – ЗАТВАРАЊЕ НА ПРОМЕТ.

 

 

Кога ќе се влезе во делот за затварање на промет од десната страна на прозорецот имаме увид во незатворените промети, во полето датум секогаш како предлог ни стои денешниот датум. Со притискање на копчето ВО РЕД, на екран добиваме порака дека прометот е затворен.

 

 

Доколку сакаме да затвориме промет од минати денови кој поради било која причина останал незатворен треба да се позиционираме на истиот и кога во датум ќе ни се појави саканиот датум притискаме на копчето ВО РЕД.

По затварањето на прометот во делот за малопродажба, како излезна калкулација автоматски се креира калкулација ДП, која означува дневен пазар на продадени производи на фискална на дневно ниво. ДП калкулација треба да имаме за секој ден во кој имаме продажба преку фискален апарат.

Чекбоксот креирај калкулација се користи доколку продавницата од која правиме продажба користи лагер од некој дифолтен магацин. Така да, во оваа продавница лагерот секогаш е 0, а со затварање на прометот освен ДП калкулацијата автоматски се креира ИДП калкулација која е влез од дифолтниот магацин, истата во содржината ја има целата количина која сме ја продале во текот на денот. За ова постои и дополнително сетирање со цел да не се клика при секое затварање на промет па дифолтно да биде поставено, истото сетирање се наоѓа во делот СИСТЕМ -> СЕТИРАЊА -> КАСА -> КРЕИРАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА ПРИ ЗАТВАРАЊЕ НА ПРОМЕТ.

 

 

Значи, затварање на промет со штиклирана креирај калкулација автоматски ќе ни изгенерира прво ИДП калкулација (влез на целата количина која сме ја продале) и во исто време ќе се искреира и ДП калкулација ( со целокупната количина од претходната ИДП) по овој процес продавницата повторно останува со количина 0.