<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Калкулации > Други калкулации |
Други калкулации (нивелации и контролни пописи)
Секоја промена на цената во малопродажниот објект законски мора да биде извршена со нивелација и за истото да го имаме документот на увид. Тоа можеме да го направиме во делот за малопродажба при отворање на нова калкулација да избереме тип на калкулацијата – нивелација.
При креирање на нивелација, исто како и кај другите калкулации ги пополнуваме основните задолжителни полиња кои ни се потребни. Калкулацискиот број е редоследно бројот на програмата, датум е секогаш тој одкога треба да почне да важи промената на цените. Во овој случај нема потреба да внесуваме коминтент бидејќи се работи за интерен документ, а во калкулациски број може да користиме префикс како НИВ или редоследно да се користи калкулацискиот број. Со потврдување на Ф9/ Во РЕД. Добиваме сосема различен приказ од оној кој што го имаме во влезните и излезните калкулации.
Во овие калкулации доволно е да ја внесеме шифрата на производот за кој сакаме да ја направиме промената на цената , програмот автоматски го пополнува називот , единечната мерка и количината. Се пополнува и полето стара цена, на нас останува соодветно да ги пополниме полињата за нова цена. Можеме да го пополниме полето за нова цена со внесување на конкретниот износ на новата цена на производот, на пример стара цена автоматски повлечена 100 ден, во полето нова цена внесуваме 150 ден. Или може да се направи и на друг начин со внесување на процент по полето нова цена %. Во тоа поле внесуваме пример 10% и програмот автоматски ни го пополнува полето нова цена со 10% покачен износ.
По внесување на сите производи во калкулацијата прозорецот за внесување го затворате со копчето ESC.
На копчето печатење калкулација го печатиме извештајот за промена на цени.
Во него добиваме приказ кој производ е променет со шифра и назив, која била старата вредност а која е новата, колкаво е задолжувањето и ДДВ- то за конкретниот производ.
Нивелацијата прави промена на цената на сета количина која што во тој момент ќе ја најде на лагер за производот кој го наведуваме во калкулацијата.
Контролен попис
За да креираме контролен попис во малопродажба потребно е да отвориме нова калкулација за која во тип ќе избереме дека се работи за контролен попис. Со контролниот попис правиме порамнување на фактичката состојба која ја имаме во продавницата со книговодствената во програмата.
Во содржината на оваа калкулација се внесуваат производите и во количина ја внесуваме таа која што реално ја броиме во магацинот. Доколку за одреден производ програмата ни покажува дека имаме количина од 50 парчиња, а ние броиме дека реално присутни во продавница имаме само 10, во полето за количина внесуваме 10. Во оваа калкулација нема потреба од внесување или менување на цени, во процесот на контролниот попис главно ажурирање се прави на количината на производите.
По завршување со внесувањето на производите и нивната количина остатокот од процесот се завршува во проширената лагер листа во делот за малопродажба.
Ја повикуваме лагер листата и во краен датум го внесуваме датумот со кој ни е отворена самата пописна калкулација, така да пописната калкулација може да ја отвориме со датум 31/05/2020 и истата да ја завршиме на 03/06/2020, меѓутоа кога ќе ја повикаме лагер листата во краен датум ќе го внесеме 31/05/2020 и потоа ќе потврдиме со ВО РЕД/Ф9.
Во горниот лев агол од мониторот го одбираме менито за функции, а потоа ја одбираме опцијата за Споредбен лагер.
Добиваме порака дали во кусок вишок да се земат и оние производи кои не се наведени во пописот а сепак ги имаме во лагер листата, постои можност да се одбере соодветно потребите дали да или не. По одбирање на конкретен одговор програмот креира споредбен влез и споредбен излез соодветно количините внесени во пописната калкулација.
Автоматски искреираните калкулации прават запис како калкулација со назив КПВ и КПИ.
Доколку правиме било каква промена во пописната калкулација во однос на количината или да се додава некој производ и доколку е потребно повторно да се повика споредбен лагер, потребно е претходно да направиме бришење на калкулациите КПВ и КПИ или евентуално не направиме промена на назив или датум. Доколку се зафатени калкулациските броеви КПВ и КПИ програмот нема да ни искреира уште еднаш вакви, затоа е потребно да се направи промената или бришењето.
Во проширената лагер листа во делот за печатење соодветно направениот попис можеме да ја отпечатиме и пописната листа на која се прикажани сите кусоци и вишоци.
Во пописната листа имаме приказ на бројот односно шифрата на производот, неговата стварна состојба ( состојбата во продавницата) и книговодствената состојба. Соодветно тоа ги гледаме и разликите односно кусокот и вишокот на производите.